ВОЗЕТЕ ВЕЛОСИПЕД!

Градот Скопје и Велосипедската федерација на Македонија во недела /26.05.2013 година/ под мотото “Возете велосипед” организираат промотивно возење со велосипед низ центарот на Скопје.

Манифестацијата ќе започне во 9 часот на плоштадот “Македонија” и велосипедистите ќе возат по следната траса: улица “Димитрие Чуповски”, булевар “Свети Климент Охридски”, десно по булевар “Партизански Одреди”, десно по булевар “Мито Хаџивасилев Јасмин”, лево по улица “Никола Кљусев” (поранешна Максим Горки)  до плоштадот “Македонија”.

На манифестацијата ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Целта на оваа манифестација е промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, чие масовно користење има голем број на позитивни продобивки – еколошки, здравствени и финансиски.

Градот Скопје и Велосипедската федерација на Македонија ги повикуваат сите заинтересирани граѓани и здруженија да се приклучат на овој промотивен настан.