Државно Друмско првенство на Македонија

Државно  Друмско првенство на Македонија

Организатор: ВФМ, ВК ВЕЛО-М  Терма лифт
Патека: Патеката е:

за У-13                         -Куманово-Бензиска пумпа село Војник,  Должина на патека: 20км

за У-15                         -Куманово-Страцин, Должина на патека: 30км

за  Кадети и Жени,     -Куманово-Страцин-Куманово ,Должина на патека: 60км

за Мастерс, Јуниори и Сениори;

-Куманово -Страцин-Ранковце- Крива Паланка –Ранковце- Страцин-Куманово
                                    Должина на патека: 120км

Дата: 24 Јуни 2018 –недела.
Старт: Стартот на трката е во  10:00  часот  Плоштад Куманово, Званичен старт  О км пред Терма лифт.

Први стартуваат Сениори, Јуниори и Мастерс, 10 минути после првиот  старт е вториот за Кадети, Жени, У-15 и У-13.

Цел: за У-13, Бензиска пумпа село Војник

за У-15, Страцин

за сите останати категории  Ресторант  КЕЈ,  пред  Спортска Сала Куманово

Пријава: Најкасно до 22.06.2018 год. до 11:00 часот   secretary@cfm.org.mk
Мерење:   Пред старт на трката според стартна листа.

Максимална дозволена должина на една каденса:

 Јуниoри:                                       7,93 м

             Кaдeти, У-15 и У-13:                  6,94 м

Технички прописи: Првенството се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ и секој од натпреварувач кој ги прифаќа пропозициите и стартува вози на сопствена одговорност.

Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна лента.

Награди: Организаторот обезбедува  гравирани медали и дипломи за први 3-ца  во категорија
Право на учество: СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ, У-15, У-13,МАСТЕРС  и ЖЕНИ.

Право на учество имаат лиценцирани, лекарски прегледани и осигурани  натпреварувачи.

Бодување: Првенството се бодува за Ранг листа 2018 год.
Трошоци: Организаторот ги сноси трошоците за организација, службени лица  и награди
Казни: Спрема кодексот – Правилникот на ВФМ и правилникот на УЦИ.
Посебни одредби: Клубовите задолжително треба да пријават натпреварувачи поради изготвување на стартни листи и обврски спрема надлежни институции.

Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Организаторот го задржува правото на измени на пропозициите за што  е должен натпреварувачите и водството да ги изветси пред стартот.

Напомена: Натпреварот се вози по десната коловозна лента.

LOGO VMF1