ПРОПОЗИЦИИ – Државно ридско првенство 2017

Организатор: Општина Крушево, општина Кривогаштани, Велосипедска Федерација на Македонија и ВК Илинден.
Патека:         Патеката  за кадети, У-15, У-13 и жени:

Кривогаштани – Крушево должина 13 км

Патека за сениори, јуниори и мастерс:

Кривогаштани – Крушево – манастир Св. Преображение  должина 21 км.

Дата: 07.05.2017 година.
Старт: 11:00 часот  во Кривогаштани

Заеднички старт за сите категории, затворена возење  до излез на Кривогаштани, трката стартува со летечки старт .

Цел: За кадети У-15, У-13 и жени во Крушево пред градска кафана,

За сениори, јуниори и мастерс  манастир Св. Преображение

Пријава: Најдоцна до 05-05-2017 по пошта или e-mail на В.К. ИЛИНДЕН,  делењето на броевите ќе биди на местото на стартот најдоцна половина саaт пред стартот на трката.
Мерење : пред старт

Максимална дозволена должина на една каденса:

Јуниoри:                                      7,93 м

Кaдeти, У-15 и У-13:                 6,94 м

Технички прописи: Трката се вози по сообрајќајните правила на Р.Македонија, се вози по десната страна и се почитува полна линија. Сообраќајот ќе биди регулиран од сообраќајна полиција.
Награди: Се наградуваат првите три  натпреварувачи во секоја категорија.
Право на учество: Сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти  во категории сениори, јуниори, кадети, У-15, У-13,мастерс и жени.
Бодување: Трката се бодува за ранг-листа на ВФМ.
Трошоци: Организациони трошоци на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.
Казни: Според правилникот на УЦИ и ВФМ.
Општи прописи: Натреварувачите мораат да имаат технички исправни велосипеди и да носат заштитна кацига.
Посебни одредби: Организаторот го задржува правото на измена и дополнување на овие пропозиции со обврска да истите ги соопшти најдоцна еден саaт пред стартот на трката.

Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Контакт лице: Драган Димитријоски 075 526 426

Напомена: Клубовите се должни  во караванот да се движат според бројки на возилата распределени според екипен пласман на ранг-листа, секој клуб може максимално во караванот да има две возила кои ќе бидат одбележани со налепници (неодбележани возила не се во караванот).

Прогласување за сите категории во центар на Крушево.

LOGO VMF1