Пропозиции за“Државно друмско првенство” 25.06.2017

ВАТАШКИ МЕМОРИЈАЛ

 
Организатор: ВФМ, МВК Велес
Патека: Патеката е кружна:

-Кавадарци-Возарци-Росоман-Кавадарци должина на круг 33 км,

-Жени и Кадети: 2 круга,

-Мастерс и Јуниори: 3 круга, и

Сениори: 4 круга

Дата: 25 Јуни 2017недела.
Старт: Стартот на трката е во 11:00 часот, булевар Индустриска, после кружен ток на влез во Кавадарци.
Цел: За сите категории Булевар Индустриска.
Пријава: Најкасно до 22.06.2017 год. до 12:00 часот, secretary@cfm.org.mk
Мерење: Пред старт на трката.

Максимална дозволена должина на една каденса:

Јуниoри:                                       7,93 м

Кaдeти:                 6,94 м

Технички прописи: Првенството се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ, секој

натпреварувач кој ги прифаќа пропозициите стартува и вози на сопствена одговорност.

Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна Лента.

Награди: Организаторот обезбедува гравирани медали и дипломи за прво пласирани тројца во категорија.
Право на учество: СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ, МАСТЕРС, ЖЕНИ.

Право на учество имаат лиценцирани, лекарски прегледани и осигурани натпреварувачи.

Бодување: Првенството се бодува за Ранг листа 2017 год.
Трошоци: Организаторот ги сноси трошоците за организација, службени лица и награди.
Казни: Спрема кодексот – Правилникот на ВФМ и правилникот на УЦИ.
Посебни одредби: Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок поради изготвување на стартни листи и почитување на предвидената сатница.

Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Организаторот го задржува правото на измени на пропозициите за што е должен натпреварувачите и водството да ги изветси пред стартот.

Напомена: Натпреварот се вози по десната коловозна лента, велосипедистите да обратат внимание на можно учество во сообраќајот на земјоделски машини.

LOGO VMF1