Пропозиции за“Државно првенство Хронометар” 24.06.2017

ВАТАШКИ МЕМОРИЈАЛ

Организатор: ВФМ, МВК ВЕЛЕС
Патека: Патеката е:-У-13 должина 10 км,

-У-15 должина 13 км,

-Жени и Кадети: СТОБИ-СПОМЕНИК НИКОЛА ПЕТРОВ-СТОБИ должина 16 км,

-Мастерс, Јуниори и Сениори: СТОБИ-НЕГОТИНО (врв на последно брдо пред Неготино)-СТОБИ, должина 25 км.

Дата: 24 Јуни 2017сабота.
Старт: Стартот на трката е во 11:00 часот, пред Археолошки локалитет СТОБИ.
Цел: За сите категории Стоби на местото на старт,пред Археолошки локалитет СТОБИ.
Пријава: Најкасно до 22.06.2017 год. до 12:00 часот, secretary@cfm.org.mkВелосипедистите кои нема да бидат пријавени во наведениот рок нема да имаат право на старт.
Мерење: Пред старт на трката според стартна листа. Максимална дозволена должина на една каденса:

Јуниoри:                                       7,93 м

Кaдeти,У-15 и У-13:                 6,94 м

Технички прописи: Првенството се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ, секој натпреварувач кој ги прифаќа пропозициите стартува и вози на сопствена одговорност.

Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна Лента.

Не е дозволено пратење со возила.

Награди: Организаторот обезбедува гравирани медали и дипломи за прво пласирани тројца во категорија.
Право на учество: СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ, МАСТЕРС, ЖЕНИ, У-15 и У-13.Право на учество имаат лиценцирани, лекарски прегледани и осигурани натпреварувачи.
Бодување: Првенството се бодува за Ранг листа 2017 год.
Трошоци: Организаторот ги сноси трошоците за организација, службени лица и награди.
Казни: Спрема кодексот – Правилникот на ВФМ и правилникот на УЦИ.
Посебни одредби: Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок поради изготвување на стартни листи и почитување на предвидената сатница. Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Организаторот го задржува правото на измени на пропозициите за што е должен натпреварувачите и водството да ги изветси пред стартот.

Напомена: Натпреварот се вози по десната коловозна лента.ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ НЕМА СТАРТ

LOGO VMF1