Пропозиции за Државно првенство во Планински Велосипедизам “Водно 2017”

Организатор: Велосипедска Федерација на Македонија, Технички организатор, Велосипедски Клуб ”Енерџи” од Скопје.
Место: Подножјето на Водно, над црквата Свети Јован Крстител.
Датум: 09.07.2017
Старт: Стартот ќе биде во 17 часот од патот близу до шемата-„црквичка“ на подножјето на водно (патот десно од „чистилиште“) (означено на мапата во прилог)

Предстартен „бокс“ и прозивка ќе биде во 16:45ч.

Категории: Елите, Јуниори, Кадети, Мастерс и  Хоби,
Стаза: Должина на кругот 2,2км

-         Елите         7 круга

-         Јуниори     5 круга

-         Жени         4 круга

-         Мастерс    5 круга

-         Кадети      4круга

-         Хоби         3 круга

Пријавување и подигање стартни броеви : Од 16:00-16:40 часот, на самата стартно целна рамнина.

Право на учество имаат сите лиценцирани натпреварувачи.

Награди: Организаторот обезбедува медали за првопласираните.
Напомена: Секој натпреварувач настапува на своја одговорност, мора да носи заштитна кацига и да има исправен велосипед!

Организаторот не сноси никакви одговорности за евентуални повреди и штети.

Трката се вози по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за ранг листата во планински велосипедизам. Организаторот има право на измени на патеката и бројот на круговите  во зависност од временските услови на патеката.

image002