ПРОПОЗИЦИИ Крос кантри КУЧКОВО 2017

Организатор: Велосипедски Клуб ”Оксижен” од Скопје ,  Велосипедска Федерација на Македонија
Патека: КУЧКОВО , СкопјеДолжина на кругот  4км- Елите          7круга- Јуниори      6круга- Жени           4круга

- Мастерс      5круга

- Кадети         4круга

- Хоби            3круга

Дата: 24.09.2017 година.
Старт: Недела 12.00 часот во близина на крстот кај полигонот
Стартни броеви: Од 10- 11:30ч.
Пријава: info@oxygen.com.mk
Категории: Елите, Јуниори, Кадети, Жени,Мастерс и  Хоби,
Технички прописи: Секој натпреварувач мора  да носи заштитна кацига и да има исправен велосипед.
Награди: Медалји  за прво пласираните  тројца по категории.
Право на учество: Лиценцирани велосипедисти, за категориите  Елите, Јуниори, Кадети, Жени,Мастерс . Хоби,  категоријата е отворена за сите вљубеници во спортот и можат да се натпреваруваат во Хоби категоријата која е апсолутна категорија.
Бодување: Трката се бодува за ранг-листа на ВФМ.
Трошоци: Организациони трошоци на терет наорганизаторот.
Казни: Според правилникот на УЦИ и ВФМ.
Посебни одредби: Организаторот има право на измена  на пропозициите,  патеката и бројот на круговите  во зависност од временските услови на патеката, за што е должен еден час пред стартот да ги извести  учесниците.
Напомена: Со прифаќање на пропозициите секој натпреварувач вози на сопствена одговорност. Организаторот не одговара за постапките на натпреварувачите према самите себе, према други лица, како за причинета материјална штета.

LOGO VMF1