ПРОПОЗИЦИИ – Трофеј “Македонска револуцеонерна борба” Државно друмско првенство за У-15 и У-13

Организатор: Велосипедска Федерација на Македонија и ВК Спид бајк.
Патека: Кружна на мотодромот во касарната во Кичево, должина на круг 2 километри и 50 метри.

У-13 8 круга
У-15 15 круга
Кадети и Жени 20 круга
Јуниори и Мастерс 25 круга
Сениори 30 круга
Дата: 23.10.2016 година.
Старт: 11:00 часот стартуваат У-13, У-15, Кадети и Жени, по завршување на првата трка стартуваат Сениори, Јуниори и Мастерс.
Цел: На исто место каде и старт.
Пријава: secretary@cfm.org.mk
Мерење : пред старт на трките по категории.

Максимална дозволена должина на една каденса:

Јуниoри:                                       7,93 м

Кaдeти, У-15 и У-13 :                 6,94 м

Технички прописи: Се вози во велосипедска опрема заштитна кацига исправен велосипед.
Награди: Медалји и признанија  за прво пласираните  тројца по категории.
Право на учество: Сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти  во категории сениори, јуниори, кадети, мастерс, жени, У-15 и У-13.
Бодување: Трката се бодува за ранг-листа на ВФМ.

За категориите У-15 и У-13 трката е Државно друмско првенство.

Трошоци: Организациони трошоци на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.
Казни: Според правилникот на УЦИ и ВФМ.
Посебни одредби: Организаторот има право на измена  на пропозициите за што е должен

еден час пред стартот да ги извести учесниците, со прифаќање на овие пропозиции  учесниците   возат  на сопствена одговорност.

Напомена: -На патеката нема сообраќај истата  е целосно обезбедена и затворена,

-Клубовите без разлика во која возрасна категорија се натпреваруваат исто и велосипедистите  се должни да пристигнат пред 10:30 часот во касарната за да бидат пропуштени и да можат да влезат на патеката , по стартот на трките нема да има можност да се пристапи до патеката,

-Нема да има пратење на трката со возила, ќе има пунктови за промена на дефект.

-Загревање на велосипедистите не е дозволено на патеката на мотодромот.

LOGO VMF1

Leave a Reply