Трофеј ИЛИНДЕН 2018

                                                       Трофеј ИЛИНДЕН 2018
Организатор:  Општина Илинден и Велосипедска Федерација на Македонија
Патека: Спортска сала “Гоце Делчев” Општина Илинден, населено место Ајватовци,Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино,  Општина Илинден,патеката е кружна должината на кругот е 25 км,

 

за сениори,  4 круга

за јуниори и мастерс  3 круга

за кадети  и жени 2 круга

за У15 1, 1/2 (цел Ајватовци)

за У-13 1 круг.

Дата: 22.07.2018 година (недела)
Старт: 16 часот  пред спортска сала “Гоце Делчев” Општина Илинден.Стартуваат оделно по категории со разлика од две минути по група и тоа:

Сениори 16:00

Јуниори и Мастерс 16:02

Кадети и Жени 16:04

У-15 и У-13 16:06

Цел: пред спортска сала “Гоце Делчев” Општина Илинден, за категорија  У15 Ајватовци.
Пријава: secretary@cfm.org.mk;
Стартни броеви:                   15:00 до 15:40 пред спортска сала “Гоце Делчев”.
Мерење :   од 15:45 до 15:55  часот пред старт.

Максимална дозволена должина на една каденса:

Јуниoри:                           7,93 м Кaдeти,

У-15 и У-13:                     6,94 м

Технички прописи: се вози во велосипедска опрема заштитна  кацига исправен  велосипед, задолжително мерење на пренос ,се вози по десна  страна караванот е обезбеден од сообракајна полиција.
Награди: Парични награди.медалји и признанија  за прво пласираните тројца по категории.
Право на учество: сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории сениори,јуниори,кадети,мастерс, жени, У-15 и У-13.
Бодување: трката се бодува за ранг-листа на ВФМ.
Трошоци: организациони трошоци на терет на организаторот.
Казни: Според правилникот на УЦИ и ВФМ.
Посебни одредби: Организаторот има право на измена  на пропозициите за што е должен еден часпред стартот да ги извести учесниците со прифаќање на овие пропозиции учесниците возат  на сопствена одговорност.
Напомена: Патеката е разновидна се вози по регионален пат дел на удолница,  има премин преку железничка пруга, на места остри кривини, се возат десни кругови.Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна лента.Церемонијалот на прогласување ќе биде  пред спортска сала “Гоце Делчев” Општина Илинден присуство задолжително.Со  прифаќањето на пропозициите секој учесник вози   на сопствена  одговорност .

LOGO VMF1