Пропозиции - Државно првенство Вело-крос


Организатор

ВФМ, ВК Спид бајк

Патека

Кружна патека авто парк Љубаниште, должина на круг 2.3 км,

жени 30 минути
кадети 30 минути
мастерс 30 минути
јуниори 40 минути
сениори 50 минути

Дата

23-01-2022

Старт

12:00 часот, сениори и јуниори

13:15 часот, кадети, мастерс и жени

Цел

на исто место каде и стартот

Стартни броеви

од 11:00 до 11:40 часот

По применување на мерките од Протоколот за одржување на натпревари тренерите ќе ги добијат стартните бројки за своите натпреварувачи

Технички прописи

се вози во велосипедска клубска опрема заштитна кацига исправен велосипед, тркала 28-ци, широчина на волан за управување не поголема од 50 цм

категориите У-13 и У-15 се натпреваруваат во категорија кадети

Награди

медалји и признанија за првите тројца по категорија

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, кадети, мастерс и жени,

Бодување

Ранг листа Вело крос

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Клубовите за сите учесници кои имаат наполнето 18 години должни се да достават еден од бараните документи:

-Потврда за извршена имунизација/вакцинизација

-Потвдра за прележан ковид 19 во последните 45 дена

-Потврда со негативен резултат, ПЦР тест направен во последните 72 часа

-Потврда со негативен резултат, Антиген тест направен во последните 48 часа

Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок поради изготвување на стартни листи и почитување на предвидениот протокол.

Секој натпреварувач вози на сопствена одговорност. Трката се вози по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија. 

Организаторот има право на измени на пропозициите за што е должен еден час пред натпреварот да ги извести учесниците.

организаторот има право на промена на пропозициите за што е должен да ги извести учесниците еден час пред почеток на натпреварот

со прифаќање на пропозициите секој натпреварувач вози на сопствена одговорност