Сооштение

Велосипедската Федерација на Македонија по повод Турата околу Македонија,  трката која се одржува на 01.09.2013 и Турата околу Македонија која продолжува од 02.09. до 06.09.2013 го дава следново:

СООПШТЕНИЕ

По повод  денот на осамостојување на  Република Македонија  8-ми Септември, со поддршка на Владата на Република Македонија, а во соработка со Агенција за млади и спорт на  Република Македонија  и  Сојуз  на спортски федерации на Република Македонија се оддржува повеќе дневна  спортска манифестација “Сите заедно за спортот” која има за цел презентација на сите спортови во Република Македонија која ќе се оддржи на 03.09.2013 (вторник) на Градскиот плоштад  Македонија во Скопје.

Велосипедската Федерација на Македонија доби можност од од шест дневна презентација на велосипедизмот од 01.09. до 06.09.2013 година,во повеќе од  дваесет градови во Македонија и шест града домаќини на вело -  караванот преставуваеќи го велосипедскиот спорт со наши велосипедисти пред голем број на граѓани на Република Македонија.

Велосипедската Федерација на Македонија поради специфичноста на спортот кој нуди, натпреварувачкиот и рекреативниот дел има добиено примарна застапеност во оваа манифестација.  ВФМ  со сите свои чинители (клубови, репрезентативци,  велосипедисти, рекреативци и др.) максимално ќе ја искористи спортската манифестација за популаризација на велосипедизмот и велосипедот воопшто што оди во прилог на сите нас. Ја користиме оваа прилика уште еднаш да ги повикаме сите  велосипедски клубови и љубители на овој спорт  да земат најмасовно учество во овој настан, покрај трката која е на 01.09.2013 локално во своите градови кога поминува  караванот  и со своите репрезентативци во неколку дневната Тура околу Македонија.

 

Генерален секретар

Сашо Ванчевски