Записник бр.3 од седница на Управен одбор на ВФМ

 

Велосипедска Федерација на Македонија

     07.04.2022 година

       Записник бр.3

 

  Од одржаниот состанок на Управниот одбор  одржан на  07.04.2022 година во Скопје.

Присатни: Сашо Димитријоски, Марјан Петровски, Игор Талевски, Александар Поповски, Емил Цветанов, Африм Јусуфи,

Дејан Новковски и Сашо  Ванчевски.

 

Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.

         

                                                                    Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Разгледување на Записникот од последниот У.О.

2. Извештај од трката Трофеј Велес , одржана на 03.04.2022 година.

3. Термин за одржување на следна велосипедска трка во Охрид.

4. Курс за национални судии.

5. Судиска комисија

6. Балкански шампионат во друмски велосипедизам.

7. Разно

 

 

 

  Од како се утврди дека кворум за рбота има, дневниот ред беше дополнет со Извештаи за одржаните трки во Вело крос, дополнетиот дневен ред е ставен на гласање и усвоен.

 

ТД-1

Записникот е усвоен.

 

ТД-2

Се даде извештај за одржаните трки во Вело крос, резултатите и ранг листата во Вело крос се поставени на сајтот на ВФМ,

се посочи наредната сезона да започне во Новембар и да има четири трки.

За трката Трофеј Велес се кажа дека е организирана на високо ниво, со добро обезбедување од страна на полицијата, добра организација од страна на клубот, многу квалитетна конкуренција со учество на странски екипи и исклучителен голем број на учесници посебно во сениори.

Наведен е пропуст во завртувањето на караванот во Богомила, со направилно свртување на велосипедистите и коли од караванот со забелешка во иднина да се направат напори за поорганизирано обележување и физичко обезбедување на завртувањето.

 

ТД-3

За трката закажана на 15-ти Мај променет е терминот за 8-ми Мај.

 

ТД-4

На курсот за судии ќе предава Марко Живановиќ од Србија со него имеме соработувано, од клубовите има пријавено единаесет кандидати.

 

ТД-5

После курсот треба да се оформи судиска комисија која е независна, да си избере претседател, да се усвојат акти, да  делегира судии, да се направи план на активности.

Дневницата за делегатот е веќе дефинирана, за останатите судии по пообемна дискусија се одлучи судиската такса да изнесува 1000 денари.

 

ТД-6

Балкански шампионат во друмски велосипедизам ќе се одржи на 18-ти јуни во Сараево за сите категории, за МТБ е во Грција близу во Драма.

 

ТД-7

Со АМС е разговарано да не подржи за организација за трка Низ Македонија и за Гранд фондо ќе добиеме средства за тоа, За Трка Низ Македонија се смени термин, ќе се одржи од 19 до 21 август.

Со Град Скопје ќе се организира критериум во Скопје оној што го имаме организирано пред трговски.

Сите настани за велосипедизам да одат преку ВФМ.

Со МОК ќе се разговара за ЕОФ.

 

                По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.

 

                                                                                                                                                          Претседател

                                                                                                                                                     Сашо Димитријоски