Пропозиции - ПЕЛИСТЕР Данхил Куп


Организатор

ВФМ, ВК Екстрим бајк

Патека

Технички спецификации на патеката
Должина: 2.100 метри
Висинска разлика: 425 метри
Број на судии на патеката: 2
Број на редари на патеката: 20
 

Дата

20-09-2020

Старт

09:00 - 11:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
12:00 – 14:00 Квалификации со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
15:00 Финален спуст

Цел

Обележана со целна капија

Пријава

Регистрација и стартарина
- Регистрацијата за натпреварот може да се направи на следната емаил адреса:
extremebiketeambitola@gmail.com со поднесување на сите потребни информации за натпреварувачот. Групна регистрација може да се направи со поднесување на пријавата со сите потребни информации од секој натпреварувач во групата / клубот и приложување на купената карта како доказ за извршена уплата за пријавата да биде валидна.
- Регистрацијата за натпреварот може да се направи
заклучно со 19.20.2020
- Цената за пријава на натпреварот изнесува 900 денари (15 евра) и се извршува на лице место.

Стартни броеви

САБОТА 19.09.2020
08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви

Технички прописи

Правила
- Pelister Downhill Cup ќе биде одржан според правилата нa Union Cycliste Internationale UCI, и по правилата на Велосипедската федерација на Македонија.
- Pelister Downhill Cup ќе биде одржан во рамките на Балканскиот Downhill Cup 
- Сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на тренинзите, квалификациите и финалната трка ги прифаќаат правилата и се обврзани истите да ги почитуваат.
- Организаторот не одговара за било какви правни последици во случај на незгода или надомест за оштетување на опремата на натпреварувачите.
- Организаторот не одговара за дела направени од страна на натпреварувачите  врз трети лица.
- Натпреварувачите под 18 години треба да да поднесат согласност / изјава од родител или старател.
- При подигнување на стартниот пакет потребно е да се достави согласност / изјава со сите потребни информации. Натпреварувачите помлади од 18 години мораат да бидат придружувани од полнолетно лице (родител или член на клубот) кој ќе биде одговорен.

Распоред

САБОТА 19.09.2020
08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви
10:00 – 16:00 Тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
НЕДЕЛА 20.09.2020
09:00 - 11:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
12:00 – 14:00 Квалификации со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
15:00 Финален спуст
Организаторот го задржува правото за измена на распоредот и времето со цел побрзо и поквалитетно одвивање на натпреварот.
2.5 Мерење на време
Мерењето на времето ќе се одвива хронометар
ски.
Резултатите ќе бидат видливи на целта на голем дисплеј со цел публиката и натпреварувачите да бидат навремено информирани.

Превоз
Организаторот ќе обезбеди соодветен број на возила за превоз на натпреварувачите и жичара.
Натпреварувачите се должни да се придржуваат на распоредот

Награди

Медали и пехари ќе бидат доделени на сите категории за првите пет пласирани натпреварувачи.
Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите на трката обезбедува дополнителни награди за најдобрите
пет времиња од сите категории:
Наградата за првото најдобро време изнесува 400 евра
Наградата за второто најдобро време изнесува 200 евра
Наградата за третото најдобро време изнесува 100 евра 

Наградата за четврто најдобро време изнесува 75 евра   

Наградата за петто најдобро време изнесува 50 евра

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори и мастерс

Бодување

-

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Тренингот како и главната трка кои ќе се одржуваат на 19ти и 20ти Септември соодветно, ќе бидат спроведени во рамки на препораките за одржување на спортски манифестации при Covid-19 пандемија, предложени од Министерството за Здравство  како и Велосипедската Федерација на Македонија.