Пропозиции - Трофеј Велес


Организатор

ВФМ, МВК Велес

Патека

Патеката е кржна:

Стоби-Раскрсница Градско (раскрсница Градско-Прилеп-Неготино) - Стоби-

надвозник Неготино (врв на последно брдо пред Неготино) - Стоби

Должина на круг 29 км.

Дата

14-08-2022

Старт

11:00 часот пред археолошки локалитет Стоби,  поранешен мотел Интернационал 



Цел

На исто место каде и старт на трката, за У-15 целта е од правец на Велес.

Пријава

Најкасно до 12.08.2022 год. до 12:00 часот,   secretary@cfm.org.mk  и milandjukic1984@gmail.com 
Велосипедистите кои нема да бидат пријавени во наведениот рок нема да имаат 
право на старт. 

Стартни броеви

Од 10:00 до 10:30

Мерење пред старт на трката според стартна листа.  
Максимална дозволена должина на една каденса:  
 Кaдeти, У-15 и У-13 :                 6,94 м

Технички прописи

Првенството се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ, се настапува во клубска опрема, секој  
натпреварувач  кој ги прифаќа пропозициите стартува и вози на сопствена одговорност. 
Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна Лента.
На трката има временска рампа од 10 %.

Награди

 

Организаторот обезбедува медали и признанија за прво пласирани тројца по категорија.

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: кадети, У15, У13, мастерс и жени

Бодување

Ранг-листа

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок поради изготвување на стартни листи, известување на надлежни и почитување на предвидената сатница. 

Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Организаторот го задржува правото на измени на пропозициите за што е должен натпреварувачите и водството да ги изветси пред стартот. 

  ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ НЕМА СТАРТ