Записник бр. 1 од седница на Управен одбор на ВФМ
Велосипедска Федерација на Македонија
01.02.2022 година
Записник бр.1
Од одржаниот состанок на Управниот одбор одржан на 01.02.2022 година во Скопје.
Присатни: Сашо Димитријоски, Марјан Петровски, Златко Сапунџиев, Љубиша Кондев, Драган Димитријоски и Сашо Ванчевски.
Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Разгледување на Записникот од последниот У.О
2.Извештај од натпревари во Вело крос
3. Извештај за работа на комисија за Ваучери
4.Извештај за работа 2021 со финансов извештај
5.Календар 2022
6.Програма за работа 2022
7.Закажување на Сообрание
8.Усвојување на листа за Собрание, статус на клубови Полноправни, Придуржни и
Привремени
9.Усвојување и обновување на Одлуки
10.Барање за Прием на клуб
11.Тековно
Од како се утврди дека кворум за рбота има, дневниот ред беше ставен на гласање и усвоен
ТД-1
По однос на записникот немаше забелешки и едногласно се усвои
ТД-2
Отворена беше дискусија за изминатите трки во велокрос. Заеднички беше констатирано дека квалитетот на натпреварите е подигнат на многу повисоко ниво. Немаше никакви забелешки околу организацијата и текот на натпреварите, со тоа информацијата беше едногласно усвоена.
ТД-3
По оваа точка се дискутираше за работата на пет члената комисија која ги разгледа доставените ваучери од страна на клубовите. Констатирано беше дека и покрај тоа што комисијата едногласно ги усвоила ваучерите, следниот ден некои од членовите се пожалиле дека се направени пропусти во пополнувањето кои покасно ги приметиле. Обидите повторно да се состане комисијата и да ги преразгледа спорните точки од пополнетите ваучери биле неуспешни. Заради рокот кој требаше да се запази ваучерите такви непроменети се испратени до АМС. Двајца членови од комисијата незадоволни од одлуките на комисијата во која и самите се членови доставиле дописи со забелешки до АМС и до Владата на РМ. Од страна на претседателот беше укажано дека постапката на тие членови е неприфатлива бидејќи тие сами даваат забелешки на сопствената работа. Беше констатирано дека самата форма и содржина на апликациите за ваучери не се соодветни за велосипедскиот спорт и заради тоа доаѓа до потешкотии при самото пополнување, но и до послаби резултати кои проилзегуваат од самата апликација. На крај се констатира дека комисијата лошо ја завршила својата задача и доколку апликациите бидат вратени на повторно разгледувањ претседателот ќе ја координира со свое лично присуство работата.
ТД-4
По оваа точка имаше забелешки околу финансискиот извештај по одредени точки. Членовите на УО го усвоија извештајот за работата на ВФМ во 2021 година. Претседателот побара од секретарот да му ги достави деталните сметки од сметководство од сите сметки за да направи детална анализа на потрошените средства бидејќи финансискиот извештај кој беше поднесен од страна на секретарот беше премногу краток и без прикажување на детали кои се неопходни за да го усвои.
ТД-5 По повеќе предлози освоен е следниов Календар:
2. Друмски велосипедизам – 2022 ВФМ |
||||
Дата |
Трка |
Место - организатор |
Возрасни категории |
Бодување |
03.04.2022 |
Трофеј Велес |
Велес, ВФМ, МВК Велес |
сениори, јуниори и кадети |
Ранг-листа сениори, јуниори и кадети |
15.05.2022 |
Куп на Македонија Трофеј Кичево |
Кичево, ВФМ, ВК Спид бајк |
мастерс, жени, У-15 и У-13 |
Куп на Македонија, Ранг-листа мастерс, жени, У-15 и У-13 |
24.05.2022 |
Државно првенство Училишен спорт |
Прилеп, ВФМ, ВК Илинден |
основци и средношколци |
|
24.06.2022 |
Државно првенство Хронометар |
Стоби, ВФМ, МВК Велес |
сите категории |
Државно првенство, Ранг-листа сениори, јуниори, кадети, мастерс, жени, У-15 и У-13 |
25.06.2022 |
Државно друмско првенство |
Велес, ВФМ, МВК Велес |
кадети, У-15, У-13, мастерс и жени |
Државно првенство, Ранг-листа кадети, У-15, У-13, мастерс и жени |
26.06.2022 |
Државно друмско првенство |
Велес, ВФМ, МВК Велес |
сениори и јуниори |
Државно првенство, Ранг-листа сениори, јуниори и кадети |
17.07.2022 |
Државно ридско првенство |
Битола, ВФМ, ВК Пелистер 15 Мај |
сите категории |
Државно првенство, Ранг-листа сениори, јуниори, кадети, мастерс, жени, У-15 и У-13 |
31.07.2022 |
Трофеј Велес |
Велес, ВФМ, |
кадети, У-15, У-13, мастерс и жени |
Ранг-листа мастерс, жени, У-15 и У-13 |
22-25.09.2022 |
Трка низ Македонија |
ВФМ |
сениори и јуниори |
Меѓународна |
11.10.2022 |
Трофеј 11-ти Октомври |
Куманово, ВФМ, ВК Вело-М |
сите категории |
Ранг-листа сениори, јуниори, кадети, мастерс, жени, У-15 и У-13 |
3. Планински велосипедизам – 2022 ВФМ |
||||
Дата |
Трка |
Место - организатор |
Возрасни категории |
Бодување |
27.03.2022 |
Апхил Водно |
Скопје, ВФМ, ВК Енерџи |
сите категории |
Ранг-листа |
22.05.2022 |
Радовиш ХСО МТБ |
Радовиш, ВФМ, ВК Бел камен |
сите категории |
Ранг-листа |
05.06.2022 |
ХСО КУМАНОВО УЦИ С1 |
Куманово, ВФМ, ВК Крос Сајклинг |
сениори/ки, јуниори/ки |
С1 |
24.07.2022 |
Државно првенство ХСО МТБ |
ВФМ, |
сите категории |
Државно првенство, Ранг-листа |
20.08.2022 |
Данхил Куп Пелистер |
Битола, ВФМ, Екстрим бајк |
|
|
21.08.2022 |
Меѓународен Данхил Куп Пелистер |
Битола, ВФМ, Екстрим бајк |
|
Меѓународна |
17-18.09.2022 |
Прилеп Данхил, Државно |
Прилеп, ВФМ, Илинден |
|
Меѓународна |
18.09.2022 |
ХСО Кучково |
Скопје, ВФМ, Оксижен |
сите категории |
Ранг-листа |
02.10.2022 |
Гази Баба ХСО МТБ |
Скопје, ВФМ, ВК Енерџи |
сите категории |
Ранг-листа |
ТД-6
Програмата за работа на ВФМ за 2022 година беше разгледана и усвоена.
ТД-7
Утврден беше датумот за одржување на редовно годишно собрание на ВФМ на 17.02.2022 година.
ТД-8
Листата на клубови со соодветниот статус на годишното собрание согласно статутот на ВФМ беше усвоена.
ТД-9
Беа донесени следниве одлуки: -Одлука со која единствен потписник на сметките на ВФМ е претседателот на ВФМ. -Одлука за користење на сопствено возило за службени цели, согласмо важечките закони и правилници.
ТД-10
По оваа точка беше разгледано барањето и беше усвоен приемот на новиот велосипедски клуб Инвектус.
ТД-11
Под точката разно беа разгледани дописи кои стигнале до ВФМ во изминатиот период.
По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.
Претседател
Сашо Димитријоски