Записник бр. 2 од седница на Управен одбор на ВФМ

Велосипедска Федерација на Македонија

     24.03.2022 година

       Записник бр.2

 

  Од одржаниот состанок на Управниот одбор  одржан на  24.03.2022 година во Скопје.

Присатни: Сашо Димитријоски, Марјан Петровски, Игор Талевски, Александар Поповски, Емил Цветанов, Африм Јусуфи,

Дејан Новковски и Сашо  Ванчевски.

 

Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.

         

                                                       Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1.Разгледување на Записникот од последниот У.О

2. Извештај за престојот во Турција на јуниорската и сениорската  репрезентација

3. Одлуки за работа на федерацијата во 2022 година.

4. Разно

 

 

  Од како се утврди дека кворум за рбота има, дневниот ред беше ставен на гласање и усвоен

 

ТД-1

По однос на записникот имаше дополнување за донесена одлука:

 

 На одржан натпревар за официјален резултат се смета оној натпревар на кој има минимум четворица натпреварувачи во категорија.

      Со дополнувањето записникот е едногласно усвоен.

 

ТД-2

За учеството на вело кампот во Турција беше дадено известување, со акцент дека е учествувано на висококвалитетен камп во чиј склоп имаше по два натпревари во јуниорска и сениорска репрезентација, изразено е задоволство од однесувањето и залагањето на сите репрезентативци, резултатите од натпреварите се познати и зборуваат за подготвеноста на возачите, периодот на подготовките е краток но тоа се нашите можности, во иднина ќе има заложби да се учествува на овој камп.

Клубовите да продолжат со работа со овие спортисти, бенифитот останува на спортистите клубовите и репрезентацијата.

 

ТД-3

Во преговори со Град Скопје е даден Проект за Гранд фондо и ноќната трка во центар, ВФМ треба да организира и други масовни натпревари велосипедизам за сите, ова како насока каде треба да се движиме.

 

Донесени се одлуки:

-Федерацијата ќе делегира делегат кој е и комесар, во моментов единствен лиценциран кој ќе биде и главен судија на натпреварот, него ќе го плаќа федерацијата дневница 2000 денари дневница, организаторот ќе ги плаќа останатите судии.

За  судиите ќе организираме семинар каде ќе едуцираме нови судии, предавач ќе биде Марко Живановиќ од Србија.

-За ангажираност во репрезентација на персоналот да се исплаќа 2000 денари дневница.

-Лиценци за придружни лица што доаѓаат на натпревари да бидат задолжителни.

-Стартните бројки да се поделат на почеток на сезона по клубови и да се користат за цела сезона, возач без стартен број нема да настапи, да се изработат нови бројки од полесен матријал, доколку клуб за одредена трка изготви броеви, за натпреварите во МТБ тоа е пракса, ВФМ ќе треба да ги одобри стартните бројки за содржината на натписите, редоследот ќе биде спрема годишната распределба на бројки.

 

Беше разгледан предлог за заеднички старт на сениорите и јуниорите, по обемна дискусија не се донесе одлука.

 

ТД-5

-Балканското во МТБ ќе се одржи во Грција, тоа е одредено, другите натпревари не се дефинирани.

-За промените на дата за натпревари ќе решава Управен одбор.

-Во календарот данхил натпреварот во Прилеп се поклопува и се преместува за 25.09.2022,  за категории Кадети, У-15 и

У-13 додава натпревар на 11.09.2022, за У-15 и У-13 да се бодува, за кадети нема да се бодува.

-Официјално од Бугарија добивме позив за две УЦИ трки, Обиколка на Бугарија и Патеката на римјаните, до први април треба да доставиме плериминарна пријава, доколку не доставиме нема да учествуваме, помеѓу двете трки имаме еден слободен ден кој е на наш трошок.

По вклучување на повеќемина во дискусија одлучено е да доставиме плериминарна пријава.

-За УЦИ трката во Куманово, ќе се бодува за нашите возачи, во сабота ќе има трка за мастерс, кадети и У-13, доколку дозволи Протоколот ќе има и хоби категорија.

-За хоби категоријата, организаторите да соберат податоци, да се достават до ВФМ за евидентирање на истите., втора можност е да извадат лиценца велосипедизам за сите.

                По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.

 

               Претседател

          Сашо Димитријоски