Записник бр.4 од седница на Управен одбор на ВФМ
Велосипедска Федерација на Македонија
21.04.2022 година
Записник бр.4
Од одржаниот состанок на Управниот одбор одржан на 21.04.2022 година во Скопје.
Присатни: Сашо Димитријоски, Марјан Петровски, Игор Талевски, Александар Поповски, Емил Цветанов, и Сашо Ванчевски.
Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Разгледување на Записникот од последниот У.О.
2. Извештај од одржаниот курс за судии.
3. Судиска комисија како стручно тело на федерацијата.
4. Женски велосипедизам.
5. Разно.
Од како се утврди дека кворум за рбота има, дневниот ред беше усвоен.
ТД-1
Записникот е усвоен.
ТД-2
Се даде извештај за одржаниот курс за судии, курсот со успех го положиле сите кандидати, од страна на предавачот се искажани пофални зборови за кандидатите, за нивната заинтересираност и интерактивност.
ТД-3
Се одлучи да се повикаат судиите да се одржи седница за да се формира судиска организација, судиската комисија да избере претседател, да се води евиденција за активност на судиите, преку комисијата да се делегира судии за натпревари.
ТД-4
За оваа тема се одлучи да се формира комисија од актуелните девојките кои се во федерација, Анета Антовска, Дуња Иванова, Анита Величковска, Цвета Дафева, Андријана Анастасоска, Ана Атанасова, Елена Петрова заеднички да изготват и да достават свои видувања за развој на женскиот велосипедизам.
ТД-5
Неколку клубови побараа да им се доделат велосипеди Драг кои одредени клубови не ги користат и се расформирани,
се одлучи велосипедите да се комплетираат и со нив да настапуваат на натпревари.
ВК Спид бајк ќе даде по еден велосипед на ВК Крос сајклинг и ВК Оксижен, де се разговара со триатлон клубот од Струга
да ги врати велосипедите.
По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.
Претседател
Сашо Димитријоски