Записник бр.5 од седница на Управен одбор на ВФМ
Велосипедска Федерација на Македонија
12.05.2022 година
Записник бр.5
Од одржаниот состанок на Управниот одбор одржан на 21.04.2022 година во Скопје.
Присатни: Сашо Димитријоски, Игор Талевски, Александар Поповски, Емил Цветанов, Африм Јусуфи, Дејан Новковски и
Сашо Ванчевски.
Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Разгледување на Записникот од последниот У.О.
2. Извештај од одржани трки.
3. Извештај за регистрирани велосипедисти и други официјални лица.
4. Судиска комисија.
5. Тренерска комисија.
6. Европско првенство.
7. Разно.
Од како се утврди дека кворум за рбота има, дневниот ред беше усвоен.
ТД-1
Записникот е дополнет со Одлука за купување на заштитна ограда.
Дополнетиот Записник е усвоен.
ТД-2
Се даде извештај за одржаните трки Апхил и КУП на Македонија, за трката во Охрид по однос на резултатите и видот на трката се разговараше, после поопширна дискусија се одлучи да нема бодувања за велосипедисти кои се пристигнати за круг.
ТД-3 Доставен е список на регистрирани велосипедисти и спортски официјали во ВФМ, на клубовите кои немаат платено регистрација да им се достави фактура.
ТД-4 Се одлучи да се формира комисија во најскор период, да се координираат судиите за прва седница, да се усвојат акти, да се избере претседател, комисијата да делегира судии на натпревари.
ТД-5 Со цел на едуцирање на тренери по клубовите, ќе се организира курс за тренери Л1 со предавач од УЦИ.
Да се известат клубовите да достават предлог кабдидати за курсот, за време и место на одржување на курсот ќе се одлучи во нареден период.
ТД-6 За европското првенство во Португалија У-23 и јуниори, да се оди со неколку натпреварувачи (4-5), два јуниори и два до три У-23.
Се разговараше за состав на репрезентацијата каде шест велосипедисти беа земени во предвид. Одлучено е да се настапи на квалитетна трка во период од пети јуни до пред државните првенства за конечно дефинирање на бројот на учесници, доколку сите кандидати задоволат да се направат напори да се настапи со сите шест велосипедисти.
ТД-7 По однос на дописот од МВК Велес се разви дискусија како за пединечни настапи така и за екипно бодување, по основ на изнесетите ставови се одлучи:
-Настапи за Лига систем натпревари на ВФМ според лиценци кои ги поседуваат натпреварувачите, натпреварувачи со лиценца од клуб од друга држава не може да настапат за клуб од Македонија.
-Екипното бодување за сениори да биде само од оваа возрасна категорија, да се направи нова екипна категорија Младинци составена од јуниори и кадети, У-15 и У-13 се трета Развојна екипна категорија.
По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.
Претседател
Сашо Димитријоски