Записник бр.6 од седница на Управен одбор на ВФМ

Велосипедска Федерација на Македонија

     08.06.2022 година

       Записник бр.6

 

 

  Од одржаниот состанок на Управниот одбор  одржан на  08.06.2022 година во Скопје.

Присатни: Сашо Димитријоски, Александар Поповски, Емил Цветанов, Африм Јусуфи, Марјан Петровски,

Дејан Новковски и  Сашо  Ванчевски.

 

 

Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.

 

                                                                         Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1.Разгледување на Записникот од последниот У.О.

2. Извештај од одржани трки.

3.Европски првенства во Анадиа и Минхен.

4.Куп на град Скопје.

5.Гран Фондо Скопје.

6.Посета на претседателот на UEC.

7.Разно.

         

                                                                               

  Од како се утврди дека кворум за рбота има, дневниот ред беше усвоен.

 

ТД-1

Записник е усвоен.

 

ТД-2

Се даде извештај за одржаните трки ХСО Радовиш и ХСО Куманово која е УЦИ трка.

За трката во Радовиш се кажа дека е добро организирана, нема приговори се е поминато во најдобар ред,

За категоријата кадетки жени која е дадена во резултатите, за девојки кои се родени 2007 година (кои не се кадетки) одлученое е резултатите да се стават на сајт во категорија У-13 една категорија помала возрасна категорија како и досега.

За трката во Куманово се отвори пообемна дискусија., искажани се пофални зборови за целокупната организација, пофалби се пристигнати како од учесниците така и од УЦИ комесарот.

     На велосипедистот Александар Ѓеорѓиевски член на ВК Мадал бал, од страна на Управниот одбор изречена му е опомена за неспортско и некоректно однесување.

 ТД-3

На Европското првенство во Португалија ќе настапат два велосипедисти во категорија У-23 и два јуниори, Димитар Јованоски, Виктор Ванчевски, Александар Милошевски и Лука Димитријоски, водство се Сашо Димитријоски и Дејан Новковски.

На Европското првенство во Германија ќе настапат Андреј Петровски и Стефан Петровски, водство Александар Петровски.

 

 ТД-4

      Се додава трка за ранг-листа Куп на Град Скопје, која ќе се одржи на 17.09.2022 година, оваа трка ќе се организира со подршка на Град Скопје за што се добиени         финансиски средства.

     ТД-5

      Со подршка на Град Скопје ќе се организира и Гранд фондо на 18.09.2022 година и за оваа манифестација се добиени финансиски средства.

     ТД-6

      Најавена е посета на претседателот на Европската велосипедска федерација г-дин Енрико Делакаса за 09.06.2022 година, агендата предвидува средба со                       преставници на Град Скопје по повод престојното Гран фондо, телефизиско преставување на настанот.

       Со Претседателот на ЈЕЦ ќе се разговара и за добивање помош во велосипеди, тренанжери и друга спортска опрема во склоп на фондот за солидарност.

    ТД-7

      По однос за предвидениот курс за тренери се кажа дека клубовите пријавиле петнаесетина кандидати, по завршување на координациите околу организација на             истиот ќе се информираат клубовите за сите поединости.

 

                По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.

 

 

                                                                                                                                               Претседател

                                                                                                                                            Сашо Димитријоски