Информација за финансиска поддршка за време на траење на вонредна состојба
Информација за финансиска поддршка за време на траење на вонредна состојба
Велосипедската федерација на Македонија Ви ја проследува УРЕДБАТА за финансиска поддршка на спортисти, стручни лица и спортска администрација за време на траењето на вонредна состојба донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за Млади и Спорт , со која е предвидена финансиска поддршка за :
1. СПОРТИСТИТЕ кои своите активности ги вршат професионално , имаат склучено договор во спортските клубови , и се впишани во регистарот на Велосипедската федерација , вработени на определено или неопределено време или ангажирани со договор на дело, авторски договор или друг договор со кое лицето е повремено или привремено ангажирано за извршување на работа , најмалку од 1ви септември 2019 година па се до денес , и не е вработен или ангажиран со договор во друг правен субјект за месеците април и мај 2020 година .
2. СТРУЧНИ ЛИЦА , тренери , лекари , нутриционисти итн. со соодветно образование вработени на определено или неопределено време или ангажирани со договор на дело, авторски договор или друг договор со кое лицето е повремено или привремено ангажирано за извршување на работа , најмалку од 1ви септември 2019 година па се до денес , и не е вработен или ангажиран со договор во друг правен субјект за месеците април и мај 2020 година , и не остварило нето плата повисока од 39.900,оо денари за месеците Декември 2019, Јануари и Февруари 2020 година.
3. СПОРТСКА АДМИНИСТРАЦИЈА т.е. физичко лице вработено како административен работник на неопределено или определено време или преку друг вид на договор во спортските клубови или националните федерации , најмалку од 1ви септември 2019 година па се до денес , и не е вработен или ангажиран со договор во друг правен субјект за месеците април и мај 2020 година , и не остварило нето плата повисока од 39.900,оо денари за месеците Декември 2019, Јануари и Февруари 2020 година .
Ве молиме, да ги реализирате сите обврски во однос на искористување на правото за финансиска поддршка и ЗАДОЛЖИТЕЛНО при поднесување на вашата документација да поднесете и пропратно писмо во кое ќе ги наведете документите кои се приложуваат , најдоцна до ( среда ) 15ти Април 2020 година до 14:00 часот .
Во прилог линк со сите потребни информации и обрасци со потребната документација при апликација .
http://www.ams.gov.mk/…/1479-finansiska-poddrshka-vo-sporto…