Записник бр.9 од седница на Управен одбор на ВФМ
Велосипедска Федерација на Македонија
23.08.2022 година
Записник бр.9
Од одржаниот состанок на Управниот одбор одржан на 23.08.2022 година во Скопје.
Присатни: Сашо Димитријоски, Емил Цветанов, Африм Јусуфи, Марјан Петровски, Дејан Новковски, Сашо Ванчевски,
гости Милан Ѓукиќ и Драган Димитријоски.
Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Сашо Димитријоски.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Разгледување на Записникот од последниот У.О.
- Извештај од одржани домашни натпревари.
- Извештај за учество на меѓународни натпревари.
- Куп на Град Скопје.
- Гран Фондо Скопје.
- Разно.
Од како се утврди дека кворум за рбота има, дневниот ред беше усвоен.
ТД-1
Усвоени се записниците од претходните два состаноци.
ТД-2
-Во друмски велосипедизам одржани се три Државни првенства и Трофеј Велес, за трките се отвори дискусија се наведоа
пропустите кои се забележани. Се заклучи дека трките се добро организирани со голем број на учесници, изречените казни
се намалуваат на висина од 33% од кодекс казните на УЦИ, казнетите велосипедисти треба на сметка на ВФМ да уплатат по
2 000 денари.
-Во планински одржано е Државно првенство, на првенството има мал број на учесници, осудено е неетичкото однесување
на велосипедистот од мадел бал Кирил Марковски.
ТД-3
Со национални селекции настапено е на:
-ЕП Португалија, се настапи на три натпревари два во друмски и еден во планински, резултатите се очекувани, на овакви
натпревари мора да бидеме присутни.
На хронометар Александар Милошевски се пласираше на 42-ро место, Лука Димитријоски на 52-ро место, Виктор Ванчевски
на 42-ро место.
На МТБ Димитар Јованоски се пласираше на 53-то место.
Друмската трка не ја завршија.
-ЕП Германија, настапија во две дисциплини, резултатите се очекувани.
На хронометар Андреј Петровски се пласираше на 32-ро место, друмската трка не ја завршија заедно со Стефан Петровски.
-Милан Паниќ, настап на јуниорската репрезентација е оценет како добар.
-КУП Средногорие, настап на сениорската репрезентација е оценет како добар, поради дефеци не е постигнат подобар
резултат.
-Балканско првенство МТБ, настапот е оценет како добар, во незванична категорија У-23 освоено е второ место од Димитар
Јованоски.
По однос на дискусијат која се одвиваше на меил по однос на несогласувањата околу оваа трка се заклучи дискусиите да се
водат на Управен одбор не по мејлови.
ТД-4
Трката КУП на Град Скопје ќе се одржи на патеката пред Собрание (истата на која имаме одржано натпревари во
минатото) сениори и јуниори ќе возат 30 круга, кадети и жени 20 круга.
ТД-5
Објавена е патеката на Гран Фондо, од членовите на У.О побарано е да поканат странци на трката (двете трки во сабота и
недела), за членовите на репрезентациите одобрено е учество без стартарина.
ТД-6
Од ВК Нова бајк побарано е да се издаде потврда за добивање решение за дејност од АМС, клубот ги исполни предвидените услови за добивање на Потврда.
Од ВК Оксижен побарано е трката на Кучково да се одржи во Крушево, клубот исто така побара да организира дополнителна трка на Кучково за која побара да се бодува за ранг листа.
Одлучено е трката во Кучково да влезе во календарот на натпревари на ВФМ и да се бодува.
По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.
Претседател
Сашо Димитријоски