Записник бр.10 од седница на Управен одбор на ВФМ

Велосипедска Федерација на Македонија

     19.10.2022 година

       Записник бр.10

 

 

  Од одржаниот состанок на Управниот одбор  одржан на  19.10.2022 година во Скопје.

Присатни: Сашо Димитријоски, Игор Талевски, Емил Цветанов, Александар Поповски, Африм Јусуфи, Марјан Петровски, Дејан Новковски и Сашо Ванчевски.

 

 

Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.

 

                                                                         Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

    1. Разгледување на Записникот од последниот У.О.
    2. Извештај од одржани трки
    3. Спортска надеж 2022
    4. Допис од ВК Крос сајклинг и ВК Вело-М
    5. Допис од Драган Димитријоски, селектор на кадетска репрезентација
    6. Допис од ВК Енерџи
    7. Календар за вело крос
    8. Разно

                                                                              

  Од како се утврди дека кворум за рбота има, предложено е промена на редоследот на точки од дневниот ред, петтата точка е ставена како трета во дневниот ред и како таков беше усвоен.

 

ТД-1

Записникот е усвоен.

 

ТД-2

     Се разговараше за организацијата на натпреварите, во друмски Трофеј Скопје и 11 Октомври, во планински Крушево, Гази Баба и Кучково, во спуст Државно во Прилеп и Гран фондо во Скопје.

По однос на трките се доставуваат резултати до клубовите, во иднина ќе се доставува и Извештајот од Делегатот на натпревари, сајтот е уреден и резултатите се истакнати на него, за трката спуст се укажа на некои неправилности и се заклучи да се разговара со клубовите од оваа дисциплина за да се дефинираат прецизно пропустите.

Се оцени дека натпреварите се одржани во склад на досегашните пракси, одредени недостатоци се провлекуваат подолг период, се одлучи да се изготви нов Правилник за Лига со кој ќе се дефинираат сите аспекти во организација на натпреварите.

  ТД-3

По подолга дискусија околу настапот на јуниорската трка во војводина, со барање за настап и на кадетската селекција за што организаторот дава можност, се изнесоа различни ставови и видувања, по исцрпна дискусија се одлучи заради не нарушување на принцип да не се оди на овој натпревар, да се работи по програми.

  ТД-4

Од страна на АМС се добиени 8 степендии за спортска надеж, во изминатите години сме добивале 12, со заложби на Претседателот на ВФМ и одговорните во АМС најден е начин да се добијат уште 4 степендии за вкупниот број да биде идентичен на претходните степендии.

За причините за намалување на бројот на степендии беа искажани некои сомневања за интриги на членови на ВФМ, се одлучи да се испита целата ситуација.

Состанокот со оваа точка е прекинат за добивање на дополнителни информации од АМС.

 

Состанокот е продолжен на 16.11.2022 година во полн состав како на првиот дел од состанокот.

 

Се потврди дека е договорено да останат 12 степендии, се истакна дека некои структури деструктивно делуваат во комуникации со надлежни институции со што се доведува во прашање и авторитетот на федерацијата, истакнато е дека во иднина ова ќе биде надминато со директна комуникација со одговорни лица во институциите.

  ТД-5

Се отвори дискусија за досегашната работа на селекторот во планински велосипедизам Љубиша Кондев, во дискусија се вклучија повеќе членови на управниот одбор изнесуваеќи свои видувања и ставови за можни решенија и последици од барањето за смена на селекторот, ставовите беа спротивни, предлогот беше ставен на гласање, за предлогот гласаа 2 члена, против предлогот гласаа 3 члена, 2 члена беа воздржани.

Предлогот не е усвоен.

 ТД-6

Се истакна дека се работи на Проект за Жена во спортот, наскоро попрецизно ќе бидат запознаени членовите на управниот  со целиот Проект.

 ТД-7

За Календар на натпревари се истакна дека ќе има можност за промена на трмини во зависност од временските услови, усвоен е предложениот календар.

18.12.2022 – Трофеј Битола, ВК Пелистер 15 Мај

29.01.2023 – Државно првенство Вело крос, ВК Спид бајк

26.02.2023 – Трофеј Куманово, ВК Крос сајклинг

 ТД-8

Одлучено е да се формираат технички комисии по дисциплини:

-Техничка комисија за друмски велосипедизам (друмски велосипедизам и вело крос)

-Техничка комисија за планински велосипедизам (планински велосипедизам и спуст)

-Техничка комисија за развој на велосипедизам (Гран фондо, БМХ и маратони)

 

Беше побарано да се достават финансиски извештаи од одржаните натпревари.

Се разговараше за синхронизација на годишната програма за работа меѓу планот и реалната програма, беа истакнати повеќе причини за оваквото изготвување на програмите се со цел на добивање поголеми финансиски средства.

 

            По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.

 

                                                                                                                                            Претседател

                                                                                                                                                     Сашо Димитријоски