Записник бр.11 од седница на Управен одбор на ВФМ
Велосипедска Федерација на Македонија
07.12.2022 година
Записник бр.11
Од одржаниот состанок на Управниот одбор одржан на 07.12.2022 година во Скопје.
Присатни: Сашо Димитријоски, Игор Талевски, Емил Цветанов, Александар Поповски, Африм Јусуфи, Марјан Петровски, Дејан Новковски и Сашо Ванчевски.
Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Разгледување на Записникот од последниот У.О.
- Проект Подршка на жената во спортот.
- Правилник за организција на натпревари од календарот на ВФМ.
- Разгледување на пристигнати дописи.
- Организација на прогласување на најдобри велосипедисти за 2022 година.
- Разно.
Од како се утврди дека кворум за работа има усвоен, предложениот дневен ред беше усвоен.
ТД-1
Записникот е усвоен.
ТД-2
Во согласност и договор со натпреварувачките одлучено е шест девојки осум дена да бидат на подготовки во Аланија,
Турција во месец јануари.
ТД-3
Во процес на изработка е Правилник за лига, кој е сеопфатен и опфаќа поголем дел од правилата за организација на натпревари, во интерес на подготовката на Календарот за наредна сезона во скратена форма е усвоен дел од правилникот, кој треба да се достави до клубовите кои според истиот треба да се пријавар за натпревари до 20.12.2022 год.
ТД-4
-Допис од Вело-М,
Одлучено е дека по усвојување на Извештаи за одржани трки не се прифаќаат дополнителни приговори.
-Оставка од Драган Димитријоски на позиција селектор на кадетска репрезентација.
Понудената оставка е прифатена со мнозинство од гласови на седницата.
ТД-5
Се отвори дискусија за престојното Прогласување на најдобри спортисти и клубови, се побара да се пријави организатор на настанот, ВК Пелистер 15 Мај се пријави да го организира овој настан, на 16.12.2022 година.
ТД-6
Немаше ништо за дискусија.
По исцрпување на Дневниот ред состанокот е завршен.
Претседател
Сашо Димитријоски