Записник бр.1 од седница на Управен одбор на ВФМ
Велосипедска Федерација на Македонија
25.01.2023 година
Записник бр.1
Од одржаниот состанок на Управниот одбор одржан на 25.01.2023 година во Скопје.
Присатни: Сашо Димитријоски, Александар Поповски, Африм Јусуфи, Марјан Петровски, Дејан Новковски и Сашо Ванчевски. Записничар Сашо Ванчевски.
Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Разгледување на Записникот од последниот У.О.
- Извештај за одржаните трки.
- Припреми за годишно собрание.
- Усвојување на дисциплински правилник.
- Разно.
Од како се утврди дека има кворум за работа, предложениот дневен ред беше усвоен.
ТД-1
Записникот од Седницата на УО одржана на 07.12.2022 година се разгледа и се усвои едногласно.
ТД-2
По однос на одржаната трка Вело крос во Битола, се истакна во иднина приговори да се доставуваат во пишана форма како што тоа налагаат прописите, коментари и дофрлања не се дозволиви и тоа ќе се санкционира, како учесници сите имаме обврска кон организаторот максимално коректно да се однесуваме, во аспект на организација трката беше добро организирана.
ТД-3
Согласно Статутот на ВФМ, член 56 четири (4) полноправни членови имаат право да предложат кандидат за Претседател на федерацијата, се задолжува секретарот уште денес во вибер групата на У.О да ја достави листата на клубови со нивниот статус, да прати допис до клубовите по оваа точка со листата од клубови, краен рок за поднесување на кандидатура е 01.02.2023 година до 12:00 часот во канцеларијата во сала Работнички. После овој рок ќе се одржи нов состанок на Управен одбор со разгледување на сите потребни матријали за собранието и прецизирање на дневен ред и датум на одржување на истото.
ТД-4
По однос на предложениот Дисциплински Правилник се искажаа забелешки од печатни грешки и обврски при организација на натпревари, со предложените измени кои же се вметнат во прочистениот текст Правилникот беше усвоен.
ТД-5
Два велосипедски клуба ВК Скај рајдерс од Прилеп и ВК Лихнидос од Охрид ја имаат поднесено целокупната документација и имаат поднесено барање за прием во членство на ВФМ, Управниот одбор донесе став за прием на овие клубови.
ВК Денда од Скопје по неколку годишна пауза повторно се активираше на натпревари, тие имаат ажурирано податоци во ЦР, поседуваат валидно Решение од АМС и може да се натпреваруваат во Лига систем натпревари на ВФМ.
За потребите за извршување на годишен попис, се задолжуваат клубовите МВК Велес, ВК Вело-М, ВК Пелистер 15 Мај и ВК Илинден 2007 до среда 01.02.2023 година да ги вратат до ВФМ (сала Работнички) транспортните багашници за превоз на велосипеди.
Комисијата која ќе го спроведе пописот е во состав, Александар Поповски, Дејан Новковски и Сашо Ванчевски
По исцрпување на Дневниот ред претседателот констатира дека состанокот е завршен.
Претседател
Сашо Димитријоски