Протокол за организација на велосипедски натпревари

До :   - Комисија за Заразни болеси

         - Сите велосипедски клубови

 

Предмет :

ПРОТОКОЛ  ЗА  СПРОВЕДУВАЊЕ  НА  ПРЕВЕНТИВНИ  МЕРКИ  ЗА  ЗАШТИТА  ОД

„ COVID-19 „  ПРИ  ОРГАНИЗАЦИЈА  НА  ВЕЛОСИПЕДСКИ  НАТПТРЕВАРИ

 

         Овој протокол за организација на велосипедски натпревари се заснова на одлуката на Влада донесена на својата 73та седница одржана на 30.06.2020 година со која „ Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари , Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и федерациите можат да го отпочнат планирањето и организирањето спортски настани со стрикно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на спортистите и останатите  вклуичени во натпреварите „ . Целокупниот записник од седницата на Влада може да се погледне на следниот линк : - https://vlada.mk/node/21959           

ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ ВРЗ КОИ СЕ ЗАСНОВА ОВОЈ ПРОТОКОЛ СЕ :

    Заштита на здравјето на велосипедистите и нивните семејства;

Заштита на здравјето на тренерите и нивните семејства и

Заштита на здравјето на другите вработени и соработници кои ќе стапат во контакт со велосипедистите по продолжувањето на натпреварот  како и службените лица на натпреварите.

 

 ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ

Поставување средства за дезинфекција кое содржи 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење пред секој натпревар;

Употребата на заштитни маски е задолжителна освен за натпреварувачите кои се на своите велосипеди за времетраење на натпреварот;

Секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично), забрането е разменување на бидони со вода со друг натпреварувач и друга опрема;

Секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно ќе ги употребува пред и по натпреварот ;

Секој клуб има обвска сам да го организира транспортот на своите велосипедисти до стартот на трката и враќање на екипата запазуваќи ги протоколите , препораките и мерките за транспорт на лица .

Зачестено чистење и дезинфекција на сите клубски возила, материјалите и опремата;

Одржување на социјално растојание (нема ракување, гушкање, фрлање или кој било друг контакт).

ПРОТОКОЛ ЗА ВЕЛОСИПЕДСКИ НАТПРЕВАР :

Можна локација за организација на натпреварите  :

-        Локации во Скопје

-        Спортска сала Илинден- општина Илинден

-        Археолошки локалитет Стоби – Градско

-        Спортска сала Куманово ,– Куманово

-        Градски паркинг Велес - Велес

-        Круг околу Скопско Кале –Скопје

-        Магнолија -Битола

  

ПРИЈАВА ЗА НАТПРЕВАР

1. Секој велосипедски клуб има обврска своите пријави да ги испрати по електронски пат најмалку еден ден пред одржување на натпреварот .

2. На официалната страница на ВФМ ќе биде објавена стартната листа и техничките правила за спроведување на националното првенство .

3. Секоја велосипедски клуб кој со своите велосипедисти ќе биде вклучен во натпреварот должен е да потполни Изјава за согласност .

4. Пријава на лице место не е дозволена.

ПРОГРАМА ЗА НАТПРЕВАР

5. При изготвување на саатницата , организаторот ќе определи доволни временските интервали помеѓу секоја категорија, за да се избегнат дополнителни контакти .

6. Бројот на учесниците е ограничен и тоа:

- по возрасни категории хронометарски трки - 1 велосипедист стартува на секоја минута,

- по возрасни категории само за лиценцирани - 10 велосипедисти  ( 2 групи ) ,

- во дисциплини на средни и долги патеки - 50 велосипедисти ( 5 групи ) ,

- во планински трки – 8-10  велосипедисти  ( 1 група ).

ТЕРЕН ЗА ЗАГРЕВАЊЕ

7. Велосипедистите  се загреваат на велосипед на растојание еден од друг на своја лична одговорност запазувајќи ги мерките за заштита и превенција од корона вирусот.

8. Ќе се пропуштаат и влегуваат во затворената зона пред стартна линија не подолго од 5 минути и не повеќе од 10 лица со почитување на дистанцата од 2 метра.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАТПРЕВАР

9. Проверката ќе се извршува со повикување на велосипедисти во точно определен период еден по еден и на растојание од 2 метра ,и во одреден период предвиден во самата саатница се појавуваат на стартна линија каде ќе биде поставен пријавниот центар ( call room ) облечени во спортска опрема и шпринтерици, каде ќе имаат обврска да ги дезинфицираат рацете со средства кои содржи 70% алхокол.

Напомена: Разменување на опрема и бидони со вода од здравствени причини нема да биде дозволено.

10. Велосипедистите по клубови еден по еден на растојание од најмалку 2 метра, по дезинфекцијата се упатуваат кон пријавната маса на која ќе им се измери телесна температура и доколку се движи помеѓу 36 и 37 степени на истите им се дозволува учество на натпреварот и подигаат стартен број од службено лице.

 

Напомена: За нормална телесна температура на лице се смета температура од 36 до 37 °С со која може слободно дасе учествува на натпреварот. Лице има телесна температура од 37.1 до 37.2 оС се изолира во посебна просторија и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до стадионот). Доколку по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно даучествува на натпреварот, во спротивно на истото не му се дозволува учество. Лице кое при пристигање на стадион има телесна температура 37.3 оС и повеќе не му се дозволуваучество на натпреварот. Се известува клубот за лицата на кои не им е дозволено учество за истите да се изолираат од групно патување.

11. По поминување на пријавниот центар велосипедистите еден по еден на растојание од 2 метра се движат кон своите стартни позиции.

12. По завршување на трката / велосипедистите ги дезинфицираат рацете и подигаат нова заштитна маска која имаат обврска веднаш по завршувањето на трката  да ја постават на своето лице и да го напуштат местото запазувајќи го задолжителното физичко растојание помеѓу нив од 2 метра .

13. Сите велосипедистите што ќе биде на старт и цел мораат да одржуваат физичка дистанца од 2 метра помеѓу сите присутни .

14. За време траење на натпреварот ќе биде вклучена и медицинско возило со медицински персонал кој ќе бидат на целта да пружат потребна помош доколку е потребно .

15. Сите преносни реквизити и справи ќе се дезинфицираат по секоја употреба со средство за дезинфекција, вклучуваќи ги и стартните блокови и нивната околина пред следна употреба .

РЕЗУЛТАТИ И ПРОГЛАСУВАЊЕ

16. Прогласување на победници нема да се спроведе , дипломи иод натпреварите ќе се испраќаат по електронски пат, медалјите ќе бидат дистрибуирани до клубовите.

17. Резултатите ќе се објавуваат по електронски пат по завршување на секоја трка  на нашите социални медиуми .

ОСТАНАТИ ПРЕПОРАКИ

18. Секој натпреварувач и учесник на натпреварот се замолува да ги почитува правилата и протоколот за натпревар , како и сите важечки прописи донесени од надлежните институции.

19. Доколку натпреварувач или службено лице за времетраење на нтпреварот не се прдржува кон правилата и протоколот ќе биде замолен да го напушти местото на одржување на натпреварот од страна на нашите редарски служби .

20. Публика и групирање пред и по натпреварот нема да биде дозволено .

21. Носењето на заштитната маска е задолжително, освен за време на трката.

22. Дезинфекциони средства ќе има поставено пред старт и цел.

СУДИИ И СЛУЖБЕНИ ЛИЦА

23. За да се запази растојанието од 2 метри стартот на трките на ќе се одвиваат преку повеќе стартени линии.

24. Присуство на стартна и целна линија е забранет за сите тренери, новинари и официјални лица од клубовите т.е. право на присуство имаат само велосипедистите, непосредно пред стартот на трката ( макс. 5 мин), претходно пријавени од страна на клубовите .

25. За време траење на натпреварот на трката имаат право да присуствуваат натпреварувачите , тренери, механичари, шофери на клубски возила, службените лица , технички лица и медицински лица .

26. Судиите и службените лица мораат да носат заштитна опрема маски и ракавици за целокупното траење на нивниот ангажман , кои се вклучуваат свесно на своја одговорност .

ПОСЕБНА НАПОМЕНА

27. Со овој протокол ќе бидат запознаени сите велосипедски клубови , велосипедисти , тренери , судии , службени лица и останат персонал поврзан со организација и спроведување на натпреварот .

28. Доколку се променат рестриктивните мерки, протоколот може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготвување план за отпочнување на процесот за натпревари .

29. За сите останати мерки кои не се опфатени со овој протокол , важат други протоколи и мерки за заштита и превенција , и препораките од останатите релевантни иснституции .