Известување за спортски настан Гевгелиски Велотлон

Ве известиме дека на 07.05.2023 година во месноста Курија која се наоѓа над Негорските минерални бањи во Гевгелија ке се одржи ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН велосипедски спортски настан од натпреварувачки карактер. Настанот обединува три дисциплини од кои главна дисциплина е возење велосипед по  OFF ROAD патека, а споредни се трчање и совладување на пешадиски препреки.

Ви доставувам извод од Правилникот кој се однесува на патеката (цел правилник може да се види на нашата WEB страна amdgevgelija,mk )

 

Податоци за патеката

Вкупната должина на патеката изнсува 4750 метри од кои:

            -Велосипедска патека 3620 метри во прва фаза;

            -Патека за трчање 110 метри во прва фаза;

            -Патеката со препреки 80 метри;

            -Патека за трчање 560 метри во втора фаза;

            -Велосипедска патека 380 метри во втора фаза;

            Висинската разлика на патеката е 45 метри и се движи во распон од 84 до 129 метри а надморската висина а стартот и целта се на надморска висина од 86 метри.

            Широчината на патеката изнесува од минимум 1,5 до максимални 4 метри;

            Тлото на патеката е претежно тврдо, на одредени места има ситни остри камења,  на одредени делови има обраснато ниска трева со трнливи елементи, а на одредени делови и иглици од иглолисна шума.

            По должина на патеката има  контролни точки.

Натпреварот предвидува на 06.05.2023 година пријавените учесници да имаат слободен тренинг доколку сметаат дека е потребно да се запознаат со патеката и пешадиските препреки а на 07.05.2023 година да се одржи натпреварувачкиот дел.

Со Правилникот се ограничува бројот на учесниците на максимални 150 натпреварувачи  од двата пола со наполнети 14 години па нагоре. За натпреварувачите под 18 години се бара согласност од родител/старател, а за сите натпреварувачите услов е да  поседуваат заштитен шлем (кацига).

Настанот ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН се спроведува во рамки на Проектот Гевгелија Вело град кој го спроведува АМД Дичо Панов Гевгелија а кој е финансиран од ЕУ а го спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП.

Со овој E-mail сакаме да ве замолиме да ги запознаете вашите членки на Федерацијата и Асоцијацијата за настанот за кој се надеваме дека ќе пројавите интерес.

Повеќе за настанот, правилата, наградниот фонд, промо 3Д спотот, препреките и начинот на нивно совладување и регистрација за учество на натпреварот на следниот линк:

https://amdgevgelija.mk/gevgelija-velo-grad/

Со Почит

АМД Гевгелија, Управител Виктор Гавровски, телефон за контакт 070225227