Записник бр.3 од седница на Управен одбор на ВФМ

Велосипедска Федерација на Македонија

     22.03.2023 година

       Записник бр.3

 

  Од одржаниот состанок на Управниот одбор  одржан на  22.03.2023 година во Скопје.

Присатни: Сашо Димитријоски, Александар Поповски, Африм Јусуфи, Дејан Новковски, Игор Талевски, Шпенди Кализи, Иванчо Тошевски и Сашо Ванчевски.

Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.

 

                                                                    Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Разгледување на Записникот од последниот У.О.

2. Извештај од одржаните трки.

3. Информација за допис испратен до АМС за клубови кои имаат добиено решенија.

4. Формирање на комисија за утврдување на членство на ВФМ согласно статутот.

5. Одлука за формирање на комисии.

 6. Одлука за одредување на селектори на национални тимови.

7. Креирање на нова ВЕБ страна и работа со неа

8. Донесување на ПР стратегија за тековната година

9. Разно. 

  Се конституира новиот Управен одбор, кворум за работа има присутни се сите членови, предложениот дневен ред беше усвоен.

ТД-1

Записникот е усвоен.

Се донесе Одлука, записниците одма по одржување на состанок да се доставуваат во групата на усвојување и да се објавуваат на сајт на федерацијата ден до два по одржување на состанок.

 

ТД-2

    Трката Трофеј Куманово е успешно организирана, резултатите сеуште не се доставени од страна на судиите, да се побараат од судиите и да се постават, во иднина да се објавуваат после одржан натпревар.

  ТД-3

Во АМС е направен увид од доставената документација на ВК Шампион систем, утврдено е дека потписот на Претседателот на ВФМ не е веродостоен, ќе се поведе постапка пред надлежни институции на државата. Издаденото Решение за вршење дејност спорт е успорено ќе се побара негово поништување.

За ВК Еаглес Струга, не беше на располагање побараната документација, со оглед на фактот што ВФМ никогаш не издала Потврда за активност на овој клуб ќе се побара поништување на издаденото Решение за вршење дејност спорт од страна на АМС.

 ТД-4                                                                                                                                         

Согласно Одлука на последното Собрание на федерацијата, за ажурирање на списокот на активни клубови кои имаат добиено Решение за вршење дејност спорт, формирана е тричлена комисија во состав Дејан Новковски, Игор Талевски и Сашо Ванчевски. Комисијата согласно Статутот на ВФМ и Законот за спорт да утврди кои клубови ги исполнуваат условите за задржување на Решението за вршење дејност спорт.

 За сите клубови од добиениот список од АМС кои имаат во минатото добиено Решение но во меѓувреме не ги исполнуваат предвидените услови и одредбите од Статутот на ВФМ, со допис ќе се побара од АМС да им ги поништи издадените Решениа.

ТД-5

Се отвори дискусија за начинот за работа со националните тимови, поради  поврзаноста со наредната точка од Дневниот ред  во пакет се разговараше за двете точки. Беа изнесени повеќе видувања, се заклучи дека селектори треба да има, тие да бидат дел од комисиите кои ќе се формираат, се одлучи да се формираат две комисии, кои заедно со селекторите кои се дел од овие комисии ќе работат на сите активности во наведените дисциплини со националните тимови.

Избрани се следниве комисии:

-Комисија за друмски велосипедизам, која ќе опфаќа друм и вело крос

   1. Африм Јусуфи

   2. Дејан Новковски

   3. Сашо Ванчевски

-Комисија за планински велосипедизам, која ќе опфаќа планински и спуст

   1. Љубиша Кондев

   2. Александар Поповски

   3. Тони Котевски

Доколку се појави потреба ќе се формираат и други комисии.

ТД-6

Остануваат досегашните селектори, тие заедно со комисиите се одговорни за работата со националните тимови.

ТД-7

Одлучено е да се изготви нова ВЕБ страна на федерацијата, ќе ја изработи Александар Поповски, истата ќе биде изработена за една седмица.

Беше разговарано за потребните содржини на новата страна, беа донесени одредени ставови, ќе се вметнат иновативни решенија во оваа страна за поголеми можности за реклама и промоција на спортистите и клубовите членки на федерацијата. 

ТД-8

Се разговараше за позитивното искуство со ПР за Гран фондо, потребните средства за ангажирање на лице кое ќе ја промовира стратегијата на федерацијата се минорни во однос на бенефитот кој ќе се добие со овој чекор.

Ќе се разговара со истото лице за ангажирање за оваа позиција, кое преку социјални медиуми, електронски медиуми сајтот на ВФМ и др, со актуелни текстови и слики ќе го промовира велосипедскиот спорт и активностите на федерацијата.

Беа изнесени повеќе видувања што се ќе се случува во иднина пред се со националните тимови и нашите најдобри спортисти по категорија и дисциплина.

 

ТД-9

По однос на ограничување на преносите донесена е следнава Одлука.

 

Од Правилникот на УЦИ е укинат членот 2.2.023, кој се однесува на ограничување на преносот за категорија Јуниори,

осгласно наведеното Управниот одбор донесе Одлука за укинување на ограничувањето на преносите за јуниорите.

За категорија Кадети останува во важност постоечката одлука за ограничување на 6.94 м за една каденса.

За категориите У-15 и У-13, останува во важност постоечката одлука за ограничување на 6.94 м за една каденса доколку е во функција предниот менувач.

Додатно се дозволува помал број на запчаници на задниот пренос, само под услов предниот менувач да не е во функција (да нема менувач или сајла за менувач) и предниот запчаник да не биде поголем од од 39 запци.

 

За државното друмско првенство за категориите У15, У-13 и Мастерс одлучено е да се направи засебна трка на мотодромот во Кичево, за терминот на одржување ќе се донесе дополнително одлука.

                                                                               

                                                                                                                                                                  Претседател

 

                                                                                                                                                           Сашо Димитријоски