Записник бр.4 од седница на Управен одбор на ВФМ

Велосипедска Федерација на Македонија

     21.07.2023 година

       Записник бр.4

 

  Од одржаниот состанок на Управниот одбор  одржан на  21.07.2023 година во Скопје.

Присатни: Сашо Димитријоски, Африм Јусуфи, Игор Талевски, Шпенди Кализи и Сашо Ванчевски, Александар Поповски и Дејан Новковски на состанокот беа поврзани преку мобилна врска.

Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.

 

                                                                    Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Разгледување на Записникот од последниот У.О.

2. Записник од комисија за утврдување на членство на ВФМ согласно статутот.

3. Извештај од одржаните натпревари.

4. Извештај за настап на меѓународни натпревари.

5. Донесување на одлука за рангирање за степендија Спортска надеж”.

6. Планирани настапи на меѓународни натпревари и селекции кои ќе настапат.

7. Одлука за бодување во развојна лига (У-13 и У-15) и во категории каде бројот на учесници е минимален.

8. Разгледување на измени на календарот за 2023.

9. Разно.

 ТД-1

Записникот е усвоен.

 

ТД-2

    Се донесе Одлука да се постапи по ставот на комисијата.

  -Да се испрати допис до АМС со Барање за ажурирање на списокот и бришење од евиденција на клубови кои според Закон и Статут на ВФМ не ги исполнуваат условите да имаат Решение за вршење дејност спорт.

-До ВК Шампион систем и до Левент Рифат да се испрати допис и да се побара од нив да достават допис до АМС со кој самите тие ќе го повлечат добиеното  Решение од АМС, во спротивно поради невистинит потпис на Претседателот на ВФМ ќе се спроведе правна постапка пред надлежните институции.

  ТД-3

Се констатираше дека трките се успешно организирани, по однос на истите нема добиено официјални приговори, во два наврати од страна на Емил Цветанов и Тефик Салахи имаше неофицијални реагирања, став е во иднина да се разговара само за официјално пристигнати приговори сите останати дофрлувања и озборувања да бидат санкционирани.

Церемонјата на прогласување е задолжителна за сите а посебно за наградените спортисти, во иднина нема да се толерира не појавување на пиедестал.

 ТД-4                                                                                                                                         

Констатирано е дека сениорската репрезентација имаше успешен настап на УЦИ 2.2 Трка низ Албанија.

ТД-5

Во доставените матријали според Критериуми на рангирање на ВФМ и Правилник од АМС, обработени се резултати за 24ца спортисти, под табелата  Ѓ на седницата е направено бодувањето, заклучено е да се досдтави рангирање за првите дваесет  спортисти, од клубовите да се побара потребна документација.

Донесена е Одлука за рангирање.

ТД-6

Во Програмите на ВФМ е предвидена целокупната усвоена програма, истите се доставени за финансирање до АМС, во последниот конкурс добиени се средства за три меѓународни натпревари на репрезентациите, Светско првенство, Трка низ Бугарија и По патеките на римјаните. За трката Трофеј Београд и Балкански шампионат не се добиени финансиски средства од страна на АМС. 

ТД-7

Донесена е одлука:

Во категоријата У-13 посебно да се бодуваат мажи и жени доколку на старт има најмалку тројца натпреварувачи.

Во сите останати категории доколку има повеќе од три натпреварувачи мажи или жени да се бодуваат оделно, доколку нема минимум три натпреварувачи во било која категорија овие натпревари нема да се бодуваат.

Оваа одлука да се примени за сите натпревари од оваа натпреварувачка година. 

ТД-8

На 12ти август ќе се одржи трка во Ранковце, трката нема да се бодува.

ТД-9

-Разгледан е дописот од Кондев, за изрешени навреди и клевети, на следен состанок во целосен состав да се разгледа дисциплинскиот правилник и да се донесат соодветни заклучоци.

-По однос на настапи за данхил натпревари да се упати заклучок до комисијата за планински велосипедизам дека има обврска во потполност да одговори на сите обврски во однос на селекциите за настапи, до истата комисија да се достави дека оваа обврска се однесува и за МТБ  натпревари.

 

По исцрпување на дневниот ред состанокот е затворен.

                                                                              

                                                                                                                                                                  Претседател

                                                                                                                                                           Сашо Димитријоски