Записник бр.5 од седница на Управен одбор на ВФМ

Велосипедска Федерација на Македонија

    12.09.2023 година

       Записник бр.5

 

  Од одржаниот состанок на Управниот одбор  одржан на  12.09.2023 година во Скопје.

Присатни: Сашо Димитријоски, Африм Јусуфи, Игор Талевски, Шпенди Кализи, Александар Поповски, Дејан Новковски и Сашо Ванчевски.

Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.

 

                Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Разгледување на Записникот од последниот У.О.

2. Извештај од одржаните натпревари.

3. Извештај за настап на меѓународни натпревари.

4. Планирани настапи на меѓународни натпревари и селекции кои ќе настапат.

5. Измена на термин на натпревар.

6. Разно.

ТД-1

Записникот е усвоен.

 

ТД-2

За трките во спуст во Битола евидентирани се повеќе неправилности од страна на организаторот кои во години наназад се повторуваат, одлучено е да се побараат резултати од натпреварите и рангирањето да се направи согласно правилата, побарано е да се врати стартарината уплатена од клубови кои имаат македонски лиценци поради тоа што трките се бодуваат за лига во спуст. Се одлучи по добивање на резултатите и извештајот од судиите на следен управен да се завземе став по ова прашање.

    Трката во планински е со мал број на учесници, се потенцираше отстранувањето на натпреварувачи од патеката кои имаат заостаток, се заклучи во иднина да не се применува ова правило и да се дозволи поголем број натпреварувачи да го завршат натпреварот.

Не се одржани два предвидени натпревари поради немање поддршка од локална самоуправа.

  ТД-3

Дадени се извештаи со постигнати резултати (резултатите се во билтени од натпреварите) од учество на репрезентативни селекции на светско и балканско првенство и на три трки од светскиот календар УЦИ 2.2 Трка низ Бугарија, По патеките на римјаните и Трка низ Косово.

Беше потенцирано задоволството од постигнатото и презентирањето на федерацијата, на балканско првенство се освоени две медалји што е успех, на УЦИ трките имаше одлично преставување на националниот состав со многу силна конкуренција со континентални  тимови, нашите натпреварувачи со максимално заложување беа активни на овие натпревари постигнати се забележителни резултати.

Потенцирани се одредени недостатоци кои треба да се елиминираат.

Забележителна е позитивната атмосвера со рекордна посета на сајтовите на ВФМ што се должи на позитивната атмосвера и заложбите на националните селекции.

 ТД-4                                                                                                                                        

По програмски активност следуваат европско и балканско првенство и УЦИ 2.2 Трка низ Србија.

За европското првенство не се добиени средства, од страна на АФМ е кажано дека во следен конкурс ќе се добијат средства за таа намена, за балканско првенство од АМС е кажано дека ќе добиеме средства и се разговараше за потенцијалниот состав, по дефинирање на составот да се известат учесниците.

За Трка низ Србија вероватно ќе се добијат средства од следниот конкурс.

ТД-5

Нов термин за трката Трофеј на Град Скопје е 30.09.2023 же учествуваат сите категории во три оделни трки. Трката апхил Шара КУП Тетово ќе се одржи на 17.09.2023, новите термини и пропозициите да се внесат на сајт на ВФМ.

Во Штип да се разговара за трка за 1ви или 7ми Октомври, во спуст Државното првенство е за 7-8 Октомври во Прилеп.

ТД-6

Добиена е покана за трка во Грција, заинтересирани клубови може да се пријават.

Да се испрати допис до клубовите за календар 2023-2024 во Вело крос.

 

По исцрпување на дневниот ред состанокот е затворен.

                                                                               

                                                                                                                                                                  Претседател

                                                                                                                                                           Сашо Димитријоски