Записник бр.6 од седница на Управен одбор на ВФМ
Велосипедска Федерација на Македонија
13.10.2023 година
Записник бр.6
Од одржаниот состанок на Управниот одбор одржан на 13.10.2023 година во Скопје.
Присатни: Сашо Димитријоски, Африм Јусуфи, Игор Талевски, Шпенди Кализи, Александар Поповски, Дејан Новковски и Сашо Ванчевски.
Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.
1. Разгледување на Записник од последниот У.О.
2. Извештај од одржани натпревари.
3. Извештај од европско и балканско првенство.
4. Предлог за дополнување на рок за преминување и регистрирање на спортисти.
5. Предлог Календар во Вело крос 2023-2024.
6. Повлекување од функција на селекторот Љубиша Кондев.
7. Разно.
ТД-1
Записникот е усвоен.
ТД-2
За трките во спуст во Битола се одлучи следново:
1.Да се воведе уште една натпреварувачка категорија кадети според правила за лиценцирање, за сите одржани натпревари во спуст во резултатите да се вметнат според пласманите на натпреварувачите по возрасни категории по правила на УЦИ и ВФМ за секоја категорија оделно, настапот на нерегистрирани натпреварувачки да се корегира, пласманите на овие натпреварувачки да се отстранат од резултатите.
2.Организаторот на натпреварите ВК Екстрим бајк се задолжува да ги врати паричните средства на клубовите (членови на ВФМ) за котизација за учество на натпреварите.
Доколку не се вратат паричните средства на клубовите овие два натпревари нема да се бодуваат за Лига систем натпревари во спуст.
За трката во Скопје и Прилеп евидентирани се некои пропусти кои во иднина не смеат да се случуваат.
Завршени се натпреварите во сите дисциплини, сајтот треба да се доуреди за да се калкулираат оделно жени во развојна програма, треба во систем да се вметнат ВК Лихнидос (со што ќе добијат поединечни и екипни бодови), во У-13 жени има настап на нерегистрирани натпреварувачки, да се корегираат резултатите овие натпреварувачки да се отстранат од резултатите.
По однос на мерењето на преноси за возрасни категории кадети, У-15 и У-13 се одлучи во иднина да нема мерење,
Ви даваме на знаење дека на одредени натпревари во странство тоа е сеуште обврска.
ТД-3
Дадени се извештаи со постигнати резултати (резултатите се во билтени од натпреварите) од учество на репрезентативни селекции на европско и балканско првенство, за не настапување на трка на балканското од страна на Сами Каја се потенцираше дека во иднина не смее да се случува.
ТД-4
Со оглед на фактот што дисциплината Вело крос една натпреварувачка сезона е во две календарски години се укажа дека со постоечкиот Правилник не се дава можност за премин на спортисти во нов клуб затоа што период за премин е во декември. Се одлучи да се додаде уште еден рок за премин од 15.10 до 15.11 во тековната година.
ТД-5
Од страна на клубовите нема добиено ни еден предлог за организирање на Вело крос натпревари.
Државното првенство ќе се одржи на 04.02.2024 година, во Штип и Сарај или во друга општина да се разговара за организација на два натпревари.
ТД-6
Констатирана е оставката на селекторот Љубиша Кондев, Управниот одбор се заблагодари на досегашната негова работа, се задолжува одборот да размисли за нов кандидат за селектор за МТБ.
ТД-7
Се информираше одборот дека се формира континентален тим со седиште во Македонија, Новапор Спид бајк тим.
Банкарската гаранција ќе биде доставена до ВФМ.
По исцрпување на дневниот ред состанокот е затворен.
Претседател
Сашо Димитријоски