Записник бр.7 од седница на Управен одбор на ВФМ
Велосипедска Федерација на Македонија
14.12.2023 година
Записник бр.7
Од одржаниот состанок на Управниот одбор одржан на 14.12.2023 година во Скопје.
Присатни: Сашо Димитријоски, Африм Јусуфи, Игор Талевски, Шпенди Кализи и Сашо Ванчевски.
Состанокот го отвори и ги поздрави присутните Претседателот Сашо Димитријоски.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Разгледување на Записник од последниот У.О.
2. Предлог Календар на натпревари 2024.
3.Прогласување на најуспешни спортисти и клубови.
4. Разно.
ТД-1
Записникот е усвоен.
ТД-2
Од страна на клубовите добиени се предлози за организирање на натпревари во Вело крос, друмски велосипедизам,
планински велосипедизам и спуст.
Разгледани се предлозите, дадени се предлози да се допрецизираат одредени насоки, да се усогласат одредени термини кои
се поклопуваат. Се одлучи да се контактира ВК Крос сајклинг за поклопување на термин и по усогласување да се објави
календарот во Вело крос, за останатите дисциплини се доработи календарот.
Календар Вело крос 2023/2024
-21.01.2024 Трофеј Куманово- ВК Крос сајклинг
-04.02.2023 Државно првенство Вело крос- ВК Спид бајк
03.03.2024 Трофеј Битола- ВК Пелистер 15 Мај
ТД-3
Се отвори дискусија по однос на престојното прогласување, се дадоа повеќе видувања и предлози, се одлучи церемонијата да се одржи пред крај на година, пехари да добијат победниците по категорија додека второ и трето пласираниот да добијат дипломи.
ТД-4
Константирано е дека ВК Екстрим бајк ја нема спроведено Одлуката на Управен одбор на ВФМ, одборот е известен за пристигнат допис од клубот, Одборот се изјасни дека Одлуката е полноважна и треба да се почитува.
Се задолжува ВК Екстрим бајк да ја спроведе постоечката Одлука и да го извести Управниот одбор на ВФМ за спроведување на истата.
По однос на приговор за не корегирано време на натпревар во спуст, се кажа дека тоа е сторено на самата трка но во доставените резултати до канцеларија промената не е евидентирана, се одлучи да се корегира резултатот на Андреј Ѓешовски да се додаде една минута на времето и неговото време е 4 минути и 13 секунди, да се корегираат резултатите во таа категорија.
По исцрпување на дневниот ред состанокот е затворен.
Претседател
Сашо Димитријоски