Пропозиции - ХСО Крушево


Организатор

ВФМ, ВК Оксижен

Патека

 

Алто ски центар Станиќ, Крушево

Кружна патека, должина на круг 3.7 км

Лиценцирани возачи 

• Елит М - 7 круга

• Елит Ж - 5 круга

• Јуниори - 6 круга

• Кадети - 4 круга

• Мастерс - 5 круга

• У13 - 1 круг  или 3 круга (детска 1)

Хоби возачи

Мажи - 2 круга

Жени - 2 круга

Јуниори - 2 круга

Кадети - 2 круга

Деца А (9-12год) - 2 круга (детска 1)

Деца Б (до 8год) - 2 круга (детска 2 )

Дата

06-07-2024

Старт

Сите натпреварувачи стартуваат во 11 часот со 1мин растојание на старт помеѓу

групите освен У13 лиценцирани и детските хоби групи кој стартуват во 10.15ч.

Цел

На исто место каде и старт

Пријава

ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавување на веб страната на www.oxygen.mk или на емаил:

info@oxygen.com.mk најдоцна до 05.07.2024 до 15 часот. Учеството е бесплатно.

Стартни броеви

Од 9.00ч - 09:45ч.

Технички прописи

Секој натпреварувач мора да носи заштитна кацига и да има исправен велосипед и пополнета изјава за согласност или согласност на родител за малолетни лица.

Награди

Медали за прво пласираните тројца по категорија.

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, кадети , мастерс , жени и У-13

Бодување

Ранг листа планински

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Организаторот има право на измена на пропозициите, патеката и бројот на круговите во зависност од временските услови на патеката, за што е должен еден час пред стартот да ги извести учесниците.

Секој натпреварувач со старт на трката значи дека ги прифаќа пропозициите и вози на сопствена одговорност. Организаторот не одговара за постапките на натпреварувачите према самите себе, према други лица, како и за причинета материјална штета.