Пропозиции - Државно првенство ХСО МТБ


Организатор

ВФМ

Патека

Алто ски центар Станиќ, Крушево

Должина на круг ~3.7км

 • Елит М - 6 круга

• Елит Ж - 4 круга

• Јуниори - 5 круга

• Кадети - 3 круга

• Мастерс - 4 круга

• У13 - 3 круга (детска 1)

Дата

21-07-2024

Старт

Сите натпреварувачи стартуваат во 11 часот со 1мин растојание на старт помеѓу групите освен У13 лиценцирани кој стартуват во 10.15ч

Цел

На исто место каде е старт на трката.

Пријава

ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавување на емаил: info@oxygen.com.mk најдоцна до 19.07.2024 до 15 часот. 

Стартни броеви

Од 9.00ч - 09:45ч.

Технички прописи

Првенството се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ, секој, натпреварувач  кој ги прифаќа пропозициите стартува и вози на сопствена одговорност., се настапува во клубска опрема.

Награди

Медали за прво пласираните тројца по категорија.

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, кадети , мастерс , жени и У-13

Бодување

Ранг листа планински

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Организаторот има право на измена на пропозициите, патеката и бројот на круговите во зависност од временските услови на патеката, за што е должен еден час пред стартот да ги извести учесниците.