Пропозиции - Куп на Македонија Трофеј Велес


Организатор

ВФМ, МВК Велес

Патека

Велес-Стари град-Оморани-Теово -Согле - Богомила-Согле-Теово-Оморани-Стари град-Велес , должина 90 км

Дата

04-05-2025

Старт

Неофицијален старт 10:40 од паркинг на Гимназија Кочо Рацин, затворено возење до официјален старт 11:00 часот,  на излез од Велес (капија на Свилара)

Цел

на влезот во Велес, населба Превалец, капија Свилара

Пријава

Најкасно до 02.05.2025 год. до 12:00 часот  (secretary@cfm.org.mk )

Стартни броеви

10:00 до 10:30 часот

Технички прописи

Првенството се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ, секој натпреварувач  кој ги прифаќа пропозициите и стартува вози на сопствена одговорност.

Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна лента.

 Пратење на екипите  со возила е по утврден редослед со означени бројки на возилата.

Награди

Организаторот обезбедува  медали и признанија за први тројца по категорија

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори

Бодување

ранг листа, меѓународна трка

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок поради изготвување на стартни листи и почитување на предвидената сатница.

Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Организаторот го задржува правото на измени на пропозициите за што е должен натпреварувачите и водството да ги изветси пред стартот.

ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ НЕМА СТАРТ

Натпреварувачите стартуваат во клубска опрема.