Организатор
Патека
Водно - Скопје
Должина: 2.1 км Висинска разлика: 480м
Тренинг, Сабота 10.05.2025 од 10:00ч до 16:00ч
Трка:
Недела 11.05.2025
Тренинг: 10.00ч-11.00ч
Квалификации 11.00ч-12.30ч
Финална трка 13:00ч-16.00ч
Дата
Старт
Крстовар,
Цел
Средно Водно,
Пријава
Online регистрација на: www.oxygen.mk/Skopjedownhillcup
Стартни броеви
Стартни броеви и Технички состанок
• Технички состанок Сабота 10.05.2025 во 9.00 часот на Средно Водно.
• Подигнување на стартен пакет и стартен број: Сабота 10.05.2025 од 10ч до 12ч.
• Документите за лична идентификација мора да се носат при превземеање на стартниот пакет и стартен број.
Технички прописи
Технички прописи и правила
Важат сите правила и прописи наведени во правилниците на УЦИ и ВФМ и истите треба да се почитуваат.
Регулативи за опрема
• Задолжително носење на заштитна опрема и тоа:
◦ Кацига со фиксен, неделив преден штитник (full-face).
◦ Штитници на колена и раце.
◦ Ракавици со долги прсти
◦ Затворени обувки
◦ Боди армор е силно препорачано.
• Се вози во клубска велосипедска опрема и исправен планински велосипед со предна и задна кочница.
• Минимален дијаметар 26”, максимален 29”.
• Рачки: Завршетоците мора да бидат затворени (прикриени).
• Гуми: Нема минимална ширина, но мора да бидат соодветни за даунхил.
Правила и безбедност на патеката
• Патеката е обележена со заштитна лента од двете страни.
• На критичните точки се поставени заштити од душеци и сунѓери.
• На патеката се поставени технички знаци/информации за опасност.
• Редари/Маршали има по долж на целата патека кој даваат звучен сигнал при поминување на секој натпреварувач.
• Со жолти знамиња редарите/маршалите сигнализираат намалување на брзината.
• Со црвени знамиња редарите/маршалите сигнализираат запирање на возачот.
• На сите критични точки постои патека А (главна патека) и патека Б (полесна патека односно популарно наречено чикен)
• НАПОМЕНТА СИТЕ нелиценцирани возачи од 12год до 16год ја возат патека Б.
• Организаторот задржува правило да одредени делови од патеката ги затвори за нелиценцираните хоби возачи како и за лиценцираните возачи под 18 години.
• За време на настанот Сабота 10.05.2025 и Недела 11.05.2025 обезбеден е медицински персонал во случај на незгода и истиот е пријавен во МВР.
• Во петок 09.05.2025 патеката ќе биде отворена за увид пешки без велосипед.
Тајминг и формат
• Времето се мери од страна на овластена компанија во присуство на судија од ВФМ.
• Трките се индивудални на најбрзо време во едно возење.
• Старниот ред се одредува на квалификации.
• Најбрзото време победува.
• Доколку постојат поголем број на пријавени времето и датата на квалификаци можно е да се промени.
Постапка за трка
• Возачите мора да се на стартната позиција 10мин пред нивното време/ред за старт.
• Пропуштен старт може да резултира во дисквалификација.
• Повторен старт поради попреченост или друга причина само по согласност на судија.
• Помош за време на трката не е дозволена од страна на други лица
• Секој натпреварувач мора најмалку еднаш да ја помине стазата за време на официјален тренинг за да може да се натпреварува.
Однесување на возачите
• Не е дозволено кратење на патеката — мора да се остане во границите на обележувањето.
• Неспортско однесување или непочитување на службени лица или други возачи може да доведе до дисквалификација.
• Возачите не смеат да попречуваат други возачи на патеката.
Техничка Помош
• Не е дозволена техничка помош на патеката.
• Поправки мора самостојно да ги изврши возачот со опрема што ја носи. Може да има дозволени технички зони пред или после возењето.
Резултати и Жалби
• Привремени резултати се објавуваат по трката.
• Возачите можат да поднесат жалба во рок од 1ч по завршување на трката во писмено форма до судијата и уплата на надмест за жалба.
• Крајните резултати се потврдуваат по истекот на жалбениот рок.
Анти-допинг
• Важат сите правила за анти-допинг според UCI ,WADA и велосипедска федерација на Македонија.
Казни
• Според правилникот на УЦИ и ВФМ.
Еколошки и Етички Стандарди
• Фрлање ѓубре е строго забрането.
• Мора да се почитува природната средина и локалните прописи.
Траса на стазата
Награди
Медали и пехари ќе бидат доделени за првите пет најдобри времиња во секоја категорија поединечно.
Севкупно најбрзите 5 натпреварувачи добиваат парична награда (€400, €200, €100, €70, €50)
Право на учество
Бодување
Трошоци
Казни
Посебни одредби
Котизација: |
- 2150 МКД (35 EUR) за хоби и не македонски лиценцирани возачи со вклучен транспорт до старт. - За македонски лиценцирани возачи котизација нема. Цена за транспорт до старт 1200 МКД (20 EUR). |
Транспорт до старт со посебна пропусница: |
Oбезбеден превоз до старт со гондола на хоби возачите и не македонските лиценцирани возачи со платена котизација. Транспорт на лиценцираните возачи 1200 МКД (20EUR) за 2 дена. |
ПРИЈАВА
Online регистрација на следниот линк www.oxygen.mk/Skopjedownhillcup
Онлине регистрација и уплата на котизација најдоцна до
05.05.2025та година.
За регистрацијата да биде валидна потребно е да се достават следните потребни документи: Лиценцирани
• Копија од изјавата за исправност на велосипедот и возење на сопствена одговорност доставена до велосипедската федерација.
• Копија од изјава од родител за помали од 18години доставена до велосипедската федерација.
• Копија од лиценца или потврда од федерација дека поседува лиценца
• Копија од документ за лична идентификација
• Уплата за транспорт до старт од 1200 МКД (20EUR) на сметка на клубот за оние лиценцираните возачи кој ќе одберат да платат за транспорт до стартот.
Нелиценцирани возачи
• Копија од документ за лична идентификација
• Изјава за исправност на велосипедот и возење на сопствена одговорност. Изјава од родител за помали од 18год заверена на нотар.
• Копија од осигурување од спортска повреда за хоби возачите за два дена.
• Уплатена котизација од 2150 МКД (35EUR) на сметка на клубот.
Податоци за уплата:
Плаќање во Македонија: ПВК Оксижен ж-с/ка 300000000993219 Банка: Комерцијална банка АД Скопје Цел на дознака: Котизација за трка SkopjeDHCup за Име и Презиме, категорија |
Плаќање од странство: PVK Oxygen IBAN: MK07300701001088986 Swift: KOBSMK2X Bank: Komercijalna banka AD Skopje Reference: “Entry fee SkopjeDHCup – Name Surname, category” |
За други начини на плаќање Ве молиме контактирајте не.
Горенаведените документи се потребни поради барање од страна на МВР за поседување документ за лична идентификација и изјава за одговорност од страна на натпреварувачите на увид од страна на организаторот.
Погоре наведените документи треба да се закачат при пополнување на пријавата за регистрација на линкот наведен погоре.
Организаторот има право на измени на пропозициите за што е должен да ги извести учесниците.
Со прифаќање на пропозициите и овој технички документ секој натпреварувач вози на сопствена одговорност.
Контакт:
Велосипедски клуб Оксижен
Благој Давков 3, 1000 Скопје
С.Македонија
Email: info@oxygen.com.mk Тел: +389 78 24 55 50
ФБ: #cyclingcluboxygen
Инста: #mtboxygen