Организатор
Патека
Трката е кружна, а стартот е на Булевар Гоце Делчев од пред споменикот Александар III Македонски во правец на кружен тек кај Основниот суд, каде што се врти лево по Димо Димоски - Наредникот. Се продолжува до Кеј 9-ти Септември каде се врти лево се до раскрсницата со Кузман Јосифоски, каде повторно се врти лево. На кружниот тек пред домот на културата Марко Цепенков се врти десно по булевар Гоце Делчев се до кружен тек Карпалак каде се врти 180 степени и се стигнува до целта, која е каде што е стартот. Должина на еден круг е 2.4 километри кругови по категории У-13 - 5 круга или 12 километри У-15 - 6 круга или 14.4 километри Кадети - 8 круга - 19.2 километри Јуниори - 15 круга - 36 километри Жени - 15 круга - 36 километри Мастерс - 15 круга - 36 километри Сениори - 20 круга - 48 километри
Дата
Старт
Стартот на трката е следен:
12:00 - У-13, У-15 и Кадети
12:45 - Јуниори, Мастерс и Жени
14:00 - Сениори
Цел
На исто место каде и старт
Пријава
Најдоцна до 17.05.2025 до 12:00 часот, на vkheroj@gmail.com и secretary@cfm.org.mk
Стартни броеви
Броеви ќе се делат на местото на старт, најдоцна 30 минути пред почеток.
Технички прописи
Трката се вози по сообраќајните правила на Р.С.Македонија. Патеката ќе биде затворена за сообраќај. Сообраќајот ќе биде регулиран од сообраќајна полиција и редари.
Натпреварувачите мораат да имаат исправни велосипеди и да носат заштитна кацига. Задолжителна контрола на пренос пред старт.
Награди
Се наградуваат првите 3 натпреварувачи во секоја категорија
Право на учество
Бодување
Трошоци
Казни
Посебни одредби
Организаторот го задржува правото на измена и дополнување на овие пропозиции со обврска да истите ги соопшти најдоцна еден час пред стартот на трката. Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.
СЛЕДЕЊЕ НА ТРКАТА СО КЛУБСКИ ВОЗИЛА НЕ Е ДОЗВОЛЕНО. ТЕХНИЧКА ЗОНА Е ПРЕД СТАРТНО ЦЕЛНАТА РАМНИНА ВО ДОЛЖИНА ОД 15 МЕТРА ПРЕД ЦЕЛТА.