Пропозиции - Прилеп- Топташ Данхил Куп


Организатор

ВФМ, ВК Илинден, Општина Прилеп

Патека

 Топташ - должина 1,8 км

Дата

06-10-2019

Старт

врв Топташ

09:00 -11:00        Официјален задолжителен тренинг

11:00 - 13:00        Квалификации

14:00                        Финален спуст

Цел

месност "под антени" , целта е обележана со капија

Пријава

на следниов линк:             https://forms.gle/bZr9PLQ7XEwo4moX6

-пријавувањето е отворено до 03.10.2019, цената изнесува 900 денари (15 евра)

-пријава по истекот на крајниот рок изнесува 1 200 денари (20 евра), со можност за пријава на лице место

Стартни броеви

од 09:00 до 11:00  часот, Сабота 05.10.2019

Технички прописи

-се вози во соодветна велосипедска опрема, заштитна кацига, исправен велосипед

-трката е Државно првенство за официјалните категории и регистрирани велосипедисти

-за вљубениците во спортот (не регистрирани велосипедисти) организаторот ќе организира посебна трка во апсолутна категорија Хоби

-организаторот го задржува правото за измени и дополнуваља на пропозициите за што е должен да ги извести учесниците

Награди

-пехари и медалји за прво пласирани тројца по категорија,

-организаторот обезбедува дополнителни парични награди за најдобрите три времиња од официјалните категории:

1-во место  300 евра

2-ро место  200 евра

3-то место  100 евра

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, мастерс

Бодување

Државно првенство

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

-со прифаќање на пропозициите, сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на тренинзите, квалификациите и финалната трка се должни истите да ги почитуваат 

-натпреварувачите возат на сопствена одговорност, организаторот не одговара за дејствиа направени спрема самите себе или спрема трети лица

-организаторот не одговара за било какви правни последици во случај на незгода или надомест за оштетување на опрема или слично

-натпреварувачите под 18 години треба да поднесат согласност/изјава од родител или старател, тие мораат да бидат придружувани од полнолетно лице (родител или член на клубот) кој ќе биде одговорен

Дополнителни информации

Распоред

Петок - 04.10.2019

09:00 -12:00     преглед на патеката без велосипеди

12:00-18:00      неофицијален тренинг (без обезбеден превоз, медицинска екипа и судии)

Сабота-05.10.2019

09:00-11:00      пријавување и преземање на стартни броеви

11:00-16:00      тренинг (со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии)

Недела-06.10.2019

09:00 - 11:00     официјален задолжителен тренинг (обезбеден превоз, медицинска екипа и судии)

11:00 - 13:00      квалификации (обезбеден превоз, медицинска екипа и судии)

14:00                       финална трка

Превоз

организаторот ќе обезбеди соодветен број на возила за превоз на натпреварувачите, тие се должни да се придржуваат на дадениот распоред

Сместување

-кампување- организаторот ќе обезбеди простор за кампување во близина на самата патека, организаторот не обезбедува шатори и друга дополнителна опрема за кампување

-за повеќе информации за сместувањето обратете се до организаторот