Пропозиции - Трофеј Куманово


Организатор

ВФМ, ВК Вело-М

Патека

кружна во градски парк, (кај автобуска станица) должина на круг 2 км

кадети 30 минути
жени 30 минути
мастерс 40 минути
јуниори 50 минути
сениори 60 минути

Дата

13-12-2020

Старт

11:30 часот, градски парк, (кај автобуска станица) должина на круг 2 км

редослед на старт:

-кадети, жени

-јуниори, мастерс

-сениори

Цел

на исто место каде и старт

Стартни броеви

од 10:30 до 11:15 часот

Технички прописи

се вози во велосипедска опрема, заштитна кацига, исправен велосипед, тркала 28-ци, широчина на волан за управување не поголема од 50 цм, широчина на гуми 3,3 цм, секој велосипедист со прифаќање на пропозициите вози на сопствена одговорност

Награди

медалји и признанија за првите тројца по категорија

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, кадети, мастерс и жени,

Бодување

Ранг листа Вело крос

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок поради изготвување на стартни листи и почитување на предвидениот протокол.

Секој натпреварувач вози на сопствена одговорност. Трката се вози по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија. 

На натпреварот ќе се спроведе:

 

ПРОТОКОЛ  ЗА  СПРОВЕДУВАЊЕ  НА  ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ  ЗА  ЗАШТИТА  ОД „ COVID-19 „  ПРИ  ОРГАНИЗАЦИЈА  НА  ВЕЛОСИПЕДСКИ  НАТПТРЕВАРИ

Организаторот има право на измени на пропозициите за што е должен еден час пред натпреварот да ги извести учесниците.