Пропозиции - Гази Баба ХСО МТБ


Организатор

ВФМ, ВК Енерџи

Патека

Кружна патека Гази Баба, должина на круг 5 км

Сениори

6 круга

Јуниори

5 круга

Кадети 

3 круга

Мастерс

3 круга

Жени

4 круга

 У-13

 1 круг

Дата

02-10-2021

Старт

пољанка на Гази Баба

12:30 часот за У-13

13:00 часот

12:45 часот предстартен бокс- прозивка

Цел

на исто место каде и старт на трката

Пријава

secretary@cfm.org.mk телефон: 070 332 281

Најкасно до 01.10.2021 до 15часот

Стартни броеви

11:00-12:30 часот

Технички прописи

се вози во клубска велосипедска опрема, заштитна кацига, исправен велосипед

Награди

медалји и признанија за прво пласирани тројца по категорија

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, кадети, мастерс , жени и промотивна категорија У-13

Бодување

Ранг-листа Планински

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

На натпреварот ќе се спроведе Протокол за организирање на натпревари во услови на Ковид.

-Натпреварите се од затворен тип без публика.

-На натпреварите не се организира натпревар за хоби категорија.

-Клубовите и организаторот се обврзани за сите лица кои имаат наполнето 18 години (натпреварувачи, тренери, механичари, судии, технички лица и др.) што ќе присуствуваат на натпревар, ден пред или на самиот ден на натпревар во хартиена форма да приложат еден од наведените документи:

   *Потврда за извршена имунизација/вакцинизација

   *Потврда за прележан Ковид 19 во последните 45 дена

   *Потврда со негативен резултат, ПЦР тест направен 72 часа пред натпреварот

   *Потврда со негативен резултат, Антиген тест направен 48 часа пред натпреварот

 Трошоците за бараните документи за натпреварувачи, тренери, механичари и др. ги сносат клубовите, трошоците за судии, технички лица и други организациони лица ги сноси организаторот.

Организаторот има право на измени на пропозициите за што е должен да ги извести учесниците.

Со прифаќање на пропозициите секој натпреварувач вози на сопствена одговорност.