Пропозиции - Државно друмско првенство


Организатор

ВФМ, МВК Велес

Патека

Патеката е кружна, должина на круг 33 км

Кавадарци-Возарци- раскрсница Дреново- Росоман-Кавадарци

-У-23 и Елит 4 круга

-Јуниори 3 круга

Дата

26-06-2022

Старт

Стартот на трката е во  11:00  часот, на Булевар после кружен тек на влез во Кавадарци. (Индустриска)

Цел

На исто место каде и старт на трката

Пријава

Најкасно до 23.06.2022 год. до 12:00 часот,   secretary@cfm.org.mk  и milandjukic1984@gmail.com 
Велосипедистите кои нема да бидат пријавени во наведениот рок нема да имаат 
право на старт.

Стартни броеви

Од 10:00 до 10:30

Мерење пред старт на трката според стартна листа.  
Максимална дозволена должина на една каденса:  
 Јуниoри:                                       7,93 м 

Технички прописи

Првенството се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ, се настапува во клубска опрема, секој  
натпреварувач  кој ги прифаќа пропозициите стартува и вози на сопствена одговорност. 
Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна Лента. 
На трката има временска рампа од 10 %.

Награди

Медали и дипломи за прво пласирани тројца во 
категорија. 

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори и јуниори

Бодување

Ранг-листа

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок 
поради изготвување на стартни листи и почитување на предвидената сатница.   
Организаторот го задржува правото на измени на пропозициите за што е должен 
натпреварувачите и водството да ги изветси пред стартот.
 Натпреварот се вози по десната коловозна лента. 
 ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ НЕМА СТАРТ