Пропозиции - Трофеј Велес


Организатор

ВФМ, МВК Велес

Патека

Сениори: Велес-Богомила-Велес  90 км

Јуниори: Велес- Согле- Велес 75 км

Дата

03-04-2022

Старт

11:00 часот, Жито Ване на излез од Велес

Цел

Превалец

Пријава

secretary@cfm.org.mk  до 01.04.2022 година

Согласно Протоколот нема да биде дозволен старт за непријавен натпреварувач.

Според Одлука на ВФМ, лицата кои ќе бидат во караванот како персонал на клубовите МОРА да се лиценцирани и пријавени од страна на клубовите.

Стартни броеви

од 10:00 до 10:40 часот

Тренерите ќе ги добијат стартните бројки за своите натпреварувачи и бројки за пратење во караванот кон кои треба да се придржуваат.

Технички прописи

Првенството се организира според правилник на УЦИ и ВФМ, секој натпреварувач  кој ги прифаќа пропозициите и стартува вози на сопствена одговорност. 

 Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна лента, СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ ТРЕНЕРИТЕ ДА ГИ ИЗВЕСТАТ НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ И КАРАВАН ВО ДВЕТЕ НАСОКИ ПО ЗАВРТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ ВОЗРАСНИ КАТЕГОРИИ, ОВА НЕПОЧИТУВАЊЕ ЌЕ БИДЕ НАЈОСТРО САНКЦИОНИРАНО.

 Пратење на екипите  со клубски возила е по нумериран редослед со означени бројки на возилата кои имаат налепница, пратење на возило без налепница е забрането, клубовите имаат право на едно возило во возрасна категорија, возилата кои имаат поголема висина од пропишаната без разлика на доделениот број се движат позади возилата кои ја .имаат пропишаната висина.

 Мерење пред старт на трката според стартна листа, максимална дозволена должина на една каденса 

      Јуниoри:                                7,93 м

Награди

Организаторот обезбедува медали и признанија за прво пласирани тројца по категорија.

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: Сениори и Јуниори

Бодување

Ранг-листа

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок поради изготвување на стартни листи, известување на надлежни и почитување на предвидената сатница. 

Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Организаторот го задржува правото на измени на пропозициите за што е должен натпреварувачите и водството да ги изветси пред стартот. 

  ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ НЕМА СТАРТ                    

Натпреварот се вози по десната коловозна лента. Патеката е разновидна се вози по регионален пат, со дел на удолница со остри завои.