Пропозиции - Топташ Државно првенство спуст -Данхил КУП


Организатор

ВФМ, ВК Илинден

Патека

Прилеп, месност Топташ

должина на патека 1800 метри, висинска разлика 250 метри.

Дата

25-09-2022

Старт

НЕДЕЛА 25.09.2022
10:00 - 12:00
Официјален задолжителен тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии.
12:00 – 14:00
Квалификации со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии.
14:00
Финален спуст

Цел

Целна капија

Пријава

- Регистрацијата за натпреварот може да се направи до ВК Илинден:

- Регистрацијата за натпреварот може да се направи до 23.09.2022

- За сите лиценцирани велосипедисти од Велосипедската федерација на Македонија стартот е бесплатен.
-
Цената за останатите учесници изнесува 1800 денари (30 евра) и се извршува на лице место.

Стартни броеви

Распоред
ПЕТОК 23.09.2022
09:00 – 12:00
Преглед на стазата без велосипеди
12:00 – 18:00
Неофицијален тренинг без обезбеден превоз, медицинска екипа, и судии.
САБОТА 24.09.2022
09:00 – 11:00
Пријавување и превземање на стартните броеви
11:00 – 16:00
Тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии.

Технички прописи

Трката ќе биде одржана според правилата нa Велосипедската федерација на Македонија- ВФМ и Светската велосипедска унија-UCI.

Трката ќе биде државно првенство на Македонија и ќе се бодува за Сениори и Јуниори.

Превоз
Организаторот ќе обезбеди соодветен број на возила за превоз на натпреварувачите.
Натпреварувачите се должни да се придржуваат на распоредот.

Организаторот го задржува правото за измена на распоредот и времето со цел побрзо и поквалитетно одвивање на натпреварот.

Сместување
За повеќе информации за сместувањето обратете се кај организаторот.

Награди

Медали ќе бидат доделени за првите пет најдобри времиња во секоја категорија поединечно.

Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите на трката обезбедува дополнителни награди за најдобрите пет времиња од сите категории:

Наградата за првото најдобро време изнесува 300 евра

Наградата за второто најдобро време изнесува 200 евра

Наградата за третото најдобро време изнесува 100 евра

Награда за четвртото најдобро време изнесува 70 евра

Награда за петтото најдобро време изнесува 50 евра

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори и јуниори

Бодување

Ранг-листа Планински, данхил

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Учество
2.1
Категории
Млади (родени 2006 и  помлади)
Јуниори (родени 2004-2005
)
Сениори (родени 2003 и повозрасни
)
Мастерс (30+
години)
Хоби

Официјални категории на ВФМ се Сениори и Јуниори, за нив ќе се изврши бодување.

- Сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на тренинзите, квалификациите и финалната трка ги прифаќаат правилата и се обврзани истите да ги почитуваат.
-
Организаторот не одговара за било какви правни последици во случај на незгода или надомест за оштетување на опремата на натпреварувачите.

 

- Организаторот не одговара за дела направени од страна на натпреварувачите од врз трети лица.
-
Натпреварувачите под 18 години треба да да поднесат согласност / изјава од родител или старател.
-
Натпреварувачите помлади од 18 години мораат да бидат придружувани од полнолетно лице (родител или член на клубот) кој ќе биде одговорен.