Пропозиции - Трофеј Куманово


Организатор

ВФМ, ВК Крос сајклинг

Патека

Кружна патека Спомен Костурница, должина на круг 2.2 км,

жени 30 минути, кадети 30 минути, мастерс 30 минути, јуниори 40 минути, сениори 50 минути

Дата

05-03-2023

Старт

12:00 часот, сениори 

13:15 часот, јуниори, кадети, мастерс и жени

Цел

на исто место каде и стартот

 

Пријава

до 04.02.2023 год. најкасно до 12:00 часот, за непријавени велосипедисти нема да биде дозволен старт, поради изготвување на стартни листи.

пријави на меил:

milandjukic1984@gmail.com

secretary@cfm.org.mk

Стартни броеви

од 11:00 до 11:40 часот

Технички прописи

Се вози по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија. 

Се вози во велосипедска клубска опрема заштитна кацига, исправен велосипед, тркала 28-ци, ширина на гуми не поголема од 33 мм, ширина на волан за управување не поголема од 50 цм

Награди

медалји и признанија за првите тројца по категорија

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, кадети , мастерс и жени

Бодување

Ранг листа Вело крос

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Секој натпреварувач вози на сопствена одговорност.  

Организаторот има право на измени на пропозициите за што е должен еден час пред натпреварот да ги извести учесниците.