Пропозиции - Трофеј Велес


Организатор

ВФМ, МВК Велес

Патека

Затворено возење до официјален старт.

Велес-Стари град-Оморани-Теово -Согле - Богомила-Согле-Теово-Оморани-Стари град-Велес, должина 80 км

Дата

08-04-2023

Старт

11:00 часот,

Паркинг пред Ликовен салон (Киниверзум кино)

Цел

Пред влез на Велес, населба Превалец, Ронтис

Пријава

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fsportmaniacs.com%2Fen%2Fservices%2Finscription%2Ftrofej-veles%3Ffbclid%3DIwAR1UCv6lc7V-jboX88mPOPJda3i4rm_-QSMpoio90OIvdF8J3H80O9H7A-U&h=AT3hewNAaI9dqOs0sOGjvQSajZmJfO3EzGloRzW5RcLa-GxJNByZozKsM-udKdBokWegkfkH3bZKUF8M8ZsuO5wuAva5HCGBq6SJ4fAbwbkBLWk3C6ZUmseVv5oAwudxuZ8YrYEqFYRIfwU

 

secretary@cfm.org.mk  до 06.04.2023 година

Нема да биде дозволен старт за непријавен натпреварувач.

Според Одлука на ВФМ, лицата кои ќе бидат во караванот како персонал на клубовите МОРА да се лиценцирани и пријавени од страна на клубовите.

Стартни броеви

од 10:00 до 10:40 часот

Тренерите ќе ги добијат стартните бројки за своите натпреварувачи и бројки за пратење на возила во караванот кон кои треба да се придржуваат.

Технички прописи

Првенството се организира според правилник на УЦИ и ВФМ, секој натпреварувач  кој ги прифаќа пропозициите и стартува вози на сопствена одговорност. 

Клубовите имаат право на едно возило во категорија, возилата кои имаат поголема висина од пропишаната без разлика на доделениот број се движат позади возилата кои ја .имаат пропишаната висина

Награди

Организаторот обезбедува медали и признанија за прво пласирани тројца по категорија.

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, жени

Бодување

Ранг листа друм

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Клубовите задолжително треба да ги пријават натпреварувачи во предвидениот рок поради изготвување на стартни листи, известување на надлежни и почитување на предвидената сатница. 

Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Организаторот го задржува правото на измени на пропозициите за што е должен натпреварувачите и водството да ги изветси пред стартот. 

  ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ НЕМА СТАРТ                    

Натпреварот се вози по десната коловозна лента. Патеката е разновидна се вози по регионален пат, со дел на удолница со остри завои.