Пропозиции - Државно првенство хронометар


Организатор

ВФМ, МВК Велес

Патека

Патеката е:

-У-13 должина 6 км,

-У-15  должина 10 км,

-Жени и Кадети: СТОБИ-СПОМЕНИК  НИКОЛА  ПЕТРОВ-СТОБИ  должина 15  км,

-Мастерс, Јуниори и Сениори: СТОБИ-НЕГОТИНО (врв на последно брдо пред Неготино)-СТОБИ,  должина 23 км.

Дата

16-06-2023

Старт

Стартот на трката е во  11:00  часот, пред Археолошки локалитет СТОБИ.

Цел

За сите категории  Стоби на местото на старт,пред Археолошки локалитет СТОБИ.

Пријава

Најкасно до 15.06.2023 год.,   secretary@cfm.org.mk

 

 

Велосипедистите кои нема да бидат пријавени во наведениот рок нема да имаат право на старт.

Стартни броеви

од 10 до 10:30 часот

Технички прописи

Првенството се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ, секој, натпреварувач  кој ги прифаќа пропозициите стартува и вози на сопствена одговорност.

Велосипедистите МОРА да се движат по десната коловозна Лента.

Не е дозволено пратење со возила.

Максимална дозволена должина на една каденса:

Кaдeти, У-15 и У-13 :                 6,94 м

 

 

Награди

Организаторот обезбедува гравирани медали и дипломи за прво пласирани тројца во категорија.

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, кадети , мастерс , жени У-15 и У-13

Бодување

Ранг листа друм

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Право на учество имаат лиценцирани, лекарски прегледани и осигурани  натпреварувачи.