Пропозиции - Меѓународен данхил КУП Пелистер


Организатор

ВФМ, ВК Екстрим бајк

Патека

Пелистер

Технички спецификации на патеката
Должина: 2.100 метри
Висинска разлика: 425 метри.

Дата

27-08-2023

Старт

НЕДЕЛА 27.08.2023
09:00 - 11:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
12:00 – 14:00 Квалификации со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
15:00 Финална трка.

Цел

Детско одморалиште – Пелистер.

Пријава

САБОТА 26.08.2023
08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви.

Регистрацијата за натпреварот може да се направи на следниот линк:
https://form.typeform.com/to/MCqHeQ6z

со поднесување на сите потребни информации за натпреварувачот.
Регистрацијата за натпреварот може да се направи до среда 23.08.2023

Стартни броеви

САБОТА 26.08.2023
08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви.

Технички прописи

Се вози во клубска велосипедска опрема, заштитна кацига, штитници за колена, боди армор и исправен велосипед.

Право на учество имаат сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории:

-Сениори (родени 2004 година и повозрасни)

-Јуниори (родени 2005 и 2006 година)

-Мастерс (+30 години)

-Бодови за ранг листа за официјални категории според Правилник на ВФМ.

Неофицијални категории:

-Кадети (родени 2007 година и помлади)

-Жени

-Хоби

Награди

Медали и пехари ќе бидат доделени за првите пет најдобри времиња во секоја категорија поединечно

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори и мастерс

Бодување

Меѓународна, Ранг листа Спуст

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

Организаторот има право на измени на пропозициите за што е должен да ги извести учесниците со прифаќање на пропозициите секој натпреварувач вози на сопствена одговорност.