Пропозиции - Државно Друмско


Организатор

ВФМ, ВК Вело-М

Патека

за сениори, Јуниори и Мастерс: Куманово - Страцин - Кратово - Страцин - Куманово должина 110 км

за Кадети и Жени:   Кратово - Страцин - Куманово должина 55 км

Дата

30-06-2019

Старт

 10:00 часот пред спортска сала Куманово, булевар Октомвриска револуција

за Кадети+У-15 (апсолутна категорија) и Жени пред Општина Кратово во 12:00 часот,

Стартот за Кадети+У-15 и Жени ќе биде пред доаѓањето на караванот на велосипедисти од Куманово

Цел

за сите категории на исто место каде и старт на трката, спроти спортска сала Куманово булевар Октомвриска револуција

Пријава

најкасно до 27.06.2019 до 12:00 часот, secretary@cfm.org.mk ; velommarjan@t-home.mk 

Стартни броеви

од 09:00 до 09:40 часот, пред спортска сала Куманово

Технички прописи

велосипедистите од категорија У-15 имаат право да се натпреваруваат во повозрасната категорија Кадети во апсолутна категорија за титула Државен првак во Кадети, нивниот настап не се бодува, велосипедистите од категорија Кадети добиваат бодови спрема пласманот од нивната категорија,

велосипедистите мора да се движат по десната коловозна лента,

ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ ДА СЕ ОБРАТИ ПРЕД ВЛЕЗ ВО КРАТОВО ТРКАТА ЗА КАДЕТИ И ЖЕНИ СТАРТУВА  ПРЕД  ЗАОКРЕТ НА КАРАВАНОТ ОД КУМАНОВО,

Мерење пред старт, максимална дозволена должина на една каденса е:

за Јуниори -7.93 м

за Кадети+У-15- 6.94 м 

Награди

медалји и признанија за првопласирани тројца по категорија

Право на учество

сите регистрирани лекарски прегледани и осигурани велосипедисти во категории: сениори, јуниори, кадети, мастерс и жени

Бодување

Ранг-листа друмски велосипедизам

Трошоци

Трошоци за организација се на терет на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни

Според правилникот на УЦИ и ВФМ

Посебни одредби

организаторот има право на измени на пропозициите